Со цел да се намали ранливоста на повратниците по нивното враќање и да се направи враќањето поодржливо, Ц.С.И Надеж обезбедуваше реинтеграциона поддршка. Поддршката вклучуваше интегриран пакет на услуги коj ќе ѝ овозможи на целната група да ги надмине пречките кои го отежнуваат нивното враќање, како и нивна економска, социјална и психолошка реинтеграција во македонското општество преку:
Условите за живот во домовите на повратници беа навистина лоши и поради тоа во некои случаи беше неопходно да се направи реконструкција или адаптација на една соба за живеење, како и обезбедување на најосновните апарати за домаќинство. На тој начин на семејствата им беа овозможени основни услови за живеење во нивните домови.
октомври 2010 - декември 2011
Maatwerk bij Terugkeer- Netherlands
Да се обезбеди помош и поддршка на доброволните повратници од Холандија, за нивно поуспешно интегрирање во земјата од која потекнуваат.
36 семејства или вкупно 132 доброволни повратници од Холандија