Проект “Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование”

категорија
Тековни Проекти
За овој проект

arise2-2-630x300ЦСИ НАДЕЖ започна со реализација на проектот “Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование” кој има за цел поттикнување на подобра образовна интеграција на учениците со низок социо-економски статус во заедницата и подигнување на свеста  помеѓу локалните чинители за потребата од преземање акција за надминување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовниот и личен развој на учениците. Ова е двегодишен проект (јануари 2021-декември 2022 година), ре-грант од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор , а финансиран од Европската Комисија.

 

Проектот ги опфаќа следните активности:

  1. Активности за зајакнување на капацитетите на ЦСИ НАДЕЖ за поддршка на учениците со низок социо-економски статус и за работа на образовни прашања во заедницата и пошироко;
  2. Активности за намалување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовните постигнувања на учениците;
  3. Активности за инволвирање на самите ученици и семејствата во процесот на изнаоѓање решенија за подобрување на нивната свест и разбирање за потребата од преземање акции за намалување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовниот и личен развој;
  4. Активности за зајакнување на разбирањето и сопствената свест на учениците да ги разберат и практикуваат вредностите за да им помогнат на оние кои се погодени од сиромаштија;
  5. Активности за запознавање на пошироката јавност на национално ниво за влијанието на сиромаштијата врз развојот на учениците и нивната благосостојба.

 

Донатор: Европска Комисија

Целни групи:

– 600 ученици од 5-9 одд. од пилот училиштето  “Браќа Рамиз-Хамид”, Шуто Оризари, со акцент на учениците со низок социо-економски статус, како и ученици од 4 други училишта кои ќе се утврдат во соработка со ЧпЧ:

– Семејства со низок социо-економски статус чии деца се целна група на проектот;

– Наставници, стручната служба и раководството во ОУ “Браќа Рамиз-Хамид”, Шуто Оризари и други четири училишта утврдени во соработка со ЧпЧ;

– Локални чинители(претставници на локалните власти, НВО секторот)

– Пошироката јавност на национално ниво.

 

Времетраење: јануари 2021-декември 2022