Во последните неколку години, многу проекти се развиени за промоција на образование на Ромите. Брзото скенирање на реализираните проекти во областа на образование на Ромите покажува да повеќето проекти за унапредување на образованието на Ромите се фокусирани на предшколско и основно образование. Единствена невладина организација, која во овој период реализираше проекти за унапредување на образованието на Ромите во средните училишта, беше Caritas National section Skopje во партнерство со Центар за социјални иницијативи “Надеж”. Во периодот 1999/2003, 60 ученици добија стипендија за четири години. Со цел да овозможи поголема достапност до средното образование за ромите, Центар за социјални иницијативи “Надеж” продолжи да работи и понатаму на ова поле.
Проектот опфаќа две програми:
Овој програма ќе ги обезбеди училишните потреби за сите деца. На почетокот на секоја училишна година сите стипендисти ќе добијат школски книги и пакет од школски материјал. Исто така трошоците за ужинка и за автобуски билети ќе бидат покриени.
Целта на оваа активност е да се охрабрат и мотивираат родителите да посветат поголемо внимание на резултатите, редовноста и однесувањето на нивните деца во училиште. Тие ќе ги разменуваат своите искуства, потреби и проблеми и ќе се обидат да најдат со наставниците заеднички начин за нивно решавање.
Сите стипендисти успешно го завршија средното училиште. Две девојки го продолжија своето образование на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Две девојки се омажија и се грижат за своите нови семејства. Останатите се пријавија во Агенцијата за вработување со цел поскоро вработување. Преку овој проект младите кои го завршија средното образование ги зголемија можностите за наоѓање на вработување за разлика од оние со завршено основно образование. Покрај младите, и нивните родители беа активирани во проектот со тоа што учествуваа на работилници за подигање на свеста за важноста на образованието. Овие родители понатаму ги поддржуваа и другите свои деца да го продолжат своето образование на повисоко ниво.
септември 2005 – август 2009
Stiftung Schüler Helfen Leben –Германија и Caritas Aachen – Германија
Дa се зголеми бројот на ромски деца кои се запишуваат во средно училиште и истите успешно да го завршат
12 млади Роми кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, имаат завршено основно училиште со одличен успех и се запишале во прва година во средно училиште. Приоритет им беше даден на девојките.