Подобро родителство за подобар успех на ромските деца

За овој проект

Целта на проектот

Подобро родителство за подобар успех на ромските деца” е наречен овој проект и има за цел да ги развива и зајакнува јазичните компетенции и самодоверба на децата до поаѓање во основно образование преку неформална едукативна и развојна стимулација. Ќе се применува воспитно-образовната методологија „Чекор по чекор” која се базира врз следниве цели׃

  • Истакнување на индивидуалноста на секое дете
  • Поттикнување на целокупниот развој на децата׃ когнитивен, физички, социјален, емотивен и естетски
  • Вклучување на семејствата во образовниот процес
  • Постојана обука и техничка поддршка во реализирањето наставни методи насочени кон децата

Позадина на проектот

Децата со кои избравме да работиме потекнуваат од многу ранлива група на семејства. Голем дел од родителите на овие деца се неписмени, по цел ден се надвор од дома за да најдат алтернативна егзистенција, или имаат повеќе деца, па не се во можност на сите да им посветат внимание и да им помагаат во образовниот процес на училиште. Како резултат на тоа и на малиот степен на мотивација кој родителите го покажуваат, се соочуваме со намален интерес и разбирање за наставното градиво на училиште, во период во кој се менува образовниот систем и се воведува т.н. Кембриџ програма која значително ќе го отежни процесот на едукација за ромските деца во основно образование, знаејќи колку покомплексно и понапредно е училишното градиво според истата.
Во Едукативниот центар Надеж ние се осигуруваме дека дечињата ќе ги сфатат образовните материјали преку секојдневна неколкучасовна работа, преку која се осигурува алтернативна настава која е интересна и сеопфатна, и најважно од се фокусирана на помали групи на ученици – нешто што е претставува голем проблем за воспоставување во училиштето кое што го посетуваат.

Резиме на проектот

Проектот ги опфаќа следните активности:

  • Обезбедување на основните училишни неопходности на децата, како училишни материјали, облека и ужинка
  • Едукативна програма имплементирана преку алтернативен начин на образование кој е креативен и наменет за децата од нашата целна група
  • Редовни посети на семејствата и надгледување на децатаn
  • Средби со родители и претставници од училиштата
  • Креативни активности и тематски предавања, одбележување празници, познати меѓународни признати денови и сл.
  • Работилници за родители и деца

Донатори

March 2014 - August 2015) Foundation "Step by Step" (September - December 2015) Embassy of Switzerland in Macedonia

Целна Група

40 ромски деца од Шуто Оризари од 4 до 5 години, кои доаѓаат од сиромашни социјално загрозени семејства, од млади родители семејства со самохрани родители, корисници на социјална парична помош, многудетни семејства.

Времетраење

март 2014 – декември 2015