Мал чекор-голем бенефит

За овој проект

Резиме

1. Обука за традиционални рачни изработки50 жени Ромки и Албанки ќе посетуваат обука за традиционални рачни изработки и ќе ги научат техниките на плетење и хеклање.

2. Поддршка и помош во образовниот процес

  • Училишна поддршка

35 девојки (Ромки и Албанки) ќе бидат снабдени со училишни материјали потребени за осмо одделение во основно училиште и за прва година средно училиште. Социјалните работници постојано ќе ја следат редовноста на девојките во училиште, нивните резултати и поведение. Секој семестар ќе бидат организирани родителски средби и родителите ќе имаат можност да ги споделат своите искуства, потреби и проблеми и да се обидат заеднички да најдат решенија за истите. Девојките исто така ќе добиваат помош во пишување домашни задачи по различни предмети, како и совладување на училишното градиво, на дневна основа.

  • Креативни активности

Основната цел на оваа програма е рекреација на девојките и понуда на идеи за исполнување на слободното време, како што се: изработка на накит со монистра, боење керамички производи; украсување на свеќи, изработка на декорации и орнаменти; декоративни честитки; ѕидни постери на различни теми; играње друштвени игри и др

  • Здравствена едукација

Работилници за здравствена едукација ќе бидат организирани за девојките на различни теми како што се: репродуктивното здравје; ХИВ / СИДА; инфективни болести; алкохолизам, наркоманија; совети за здрав живот, совети за здрава храна итн.

3. Едукативни работилници за подигање на свеста на родителитеПреку работилници, родителите Роми и Албанци ќе бидат едуцирани на различни теми, како што се: Информации за упис во средно училиште; Oбразование-тоа е мојот избор; Улогата на родители и родителските одбори во процесот на образованието на децата; Превенција на зависности, итн.

Резултати

  • 50 жени Ромки и Албанки посетуваа обука за традиционални рачни изработки и успешно ги совладаа основните техники на плетење и хеклање
  • Во декември 2010 година, во просториите на Ц.С.И Надеж беше организиран Новогодишен базар на кој беа презентирани производите изработени од жените кои беа вклучени во обуката за традиционални рачни изработки
  • За 35 девојки секојдневно беше реализирана програма за помош во пишување на домашни задачи, учење на училишното градиво и изработка на проектните задачи по сите наставни предмети
  • За 35 девојки вклучени во проектот, беа обезбедени и дистрибуирани потребните училишни материјали
  • Беа организирани шест родителски средби со родителите на девојките вклучени во проектот
  • Од вкупно 35 девојки вклучени во проектот, 30 успешно ја завршија учебната година
  • Креативни активности беа организирани за девојките секој работен ден и тие имаа можност да се забавуваат, да се дружат и да ги развиваат своите креативни потенцијали.
  • 35 девојки посетуваа програма за Здравствена едукација и се здобија со знаења на различни теми
  • Три посети на Ординација по општа медицина беа организирани за девојките кои беа вклучени во програмата за здравствена едукација. Девојките имаа можност да ги видат сите медицински инструменти во пракса, да се запознаат со работата на општиот лекар, а им беше направен и генерален медицински преглед
  • Реализирани беа единаесет работилници со родителите од општина Шуто Оризари, како и од други делови на Скопје.
Времетраење

мај 2009 - декември 2010

Донатор

Weltgebetstag der Frauen-Germany

Цел

Да им се помогне на Ромските и Албанските жени да ја подобрат својата социјалната и економска состојба, преку развој на долгорочни механизми за самопомош. Да се мотивираат девојките од општина Шуто Оризари да го завршат основното училиште и да продолжат со своето образование во средно училиште. Да се подигне свеста на родителите за здравствени, психолошки и социјални прашања.

Целна Група

50 жени Ромки и Албанки на возраст од 18-35 години, од општина Шуто Оризари, 35 девојки Ромки и Албанки кои посетуваат 8 одделение, 220 родители од различна националност, од општина Шуто Оризари.

категорија
Минати проекти