Интеграција без граници

За овој проект

Целта на проектот

Интеграција без граници е проект кој е спроведен во контекст на идејата за Европа која ги вреднува различностите, но пати од контекстот на притисоци врз малцинствата со долга историја на изолација, неодамна како резултат на втурнувањето на голем број на мигранти во контекст на економска и социјална депресија. Целиот склоп на проектот се осврнува на начините како оваа инклузивност би можела да се овозможи и како професионалците треба да се подготват за да помогнат во тоа.

Проектот цели кон развивање на стратешко партнерство во полињата на социјално образование и социјална работа преку:

– Формирање на управувачка мрежа на партнери за интензивна кооперација од 8 различни земји и од комплементарни позадини (универзитети, истражувачки центри, асоцијации, НВО секторот, стручни тела, локални власти и сл.,) за размена на искуства и споделување на успешни практики, со цел да се совладаат повисоки нивоа на учење и искуства преку создавање на нова програма за работа.

– Интеграција и понатамошно тренирање на нови професионалци во областа на социјалната работа и социјалното образование.

Резиме на проектот

Проектот ги опфаќа следните активности: 

  • Почетна транснационална координаторска конференција за утврдување на потребите на проектот во Оломоуц, Чешка
  • Собирање на добри практики од сите партнерски организации во проектот во рамките на четирите компетенции на кои се базираат тренинзите: меѓукултурно разбирање, управување со различности, социјално претприемништво и менаџирање со проекти.
  • Претставување на добрите практики
  • Тренинг-обука за првите две компетенции од проектот во Сату Маре, Романија
  • Дисеминација на активностите и заклучоците од првиот тренинг
  • Втора транснационална координаторска конференција за вадење заклучоци и припрема на вториот тренинг во рамките на проектот
  • Тренинг-обука за вторите две компетенции од проектот во Мадрид, Шпанија
  • Дисеминација на активностите и заклучоците од вториот тренинг
  • Трета транснационална координаторска конференција за вадење заклучоци и припрема на прирачник за социјални работници кој ќе вклучува добри практики и активности од двата тренинзи.
  • Печатење на прирачник за социјални работници
  • Дисеминација на прирачникот

Донатор

Европска комисија, Еразмус+

Целна Група

Социјални работници кои работат со мигранти и малцинства

Времетраење

Септември 2014 - Април 2015

категорија
Минати проекти