Градење вештини за одржлива иднина

Building Skills for Sustainable Future

За овој проект

Резиме

Проектот има за цел да ги подобри социјалните услови на жените Ромки и да се бори против нетолеранција и дискриминација преку зајакнување на жените со нови вештини. За таа цел, ќе бидат организирани неколку вида на обуки:

Обука за рачни изработки

Обуката за рачни изработки вклучува учење на техники за: декорирање на стакло, декорирање на свеќи и изработка на накит. Преку овој вид на обука жените ќе имаат можност да го развијат својот талент и да се здобијат со вештини за изработка на производи. Овие вештини тие би можеле да ги искористат за започнување на свој мал бизнис во иднина.

Обука за компјутерски вештини

Обука за основни компјутерски вештини, Office апликации и интернет. Преку оваа обука, младите девојки и жени ќе станат компјутерски описменети и ќе ги развијат компјутерските вештини кои се неопходни на пазарот на трудот.

Работилници за самовработување

Четири работилници на тема “Самовработување” ќе бидат организирани и позитивните аспекти на оваа мерка ќе им бидат претставени на 60 жени Ромки. Исто така, учесниците ќе бидат запознаени со административната процедура потребна за влез во оваа мерка, како и достапните извори на финансирање, како што се кредити за развој на мали бизниси обезбедени од страна на банките и на Државната агенција за вработување.

Здравствена едукација / превенција на трговија со луѓе

Целта на програмата е да им помогне на жените да ја разберат и препознаат важноста на здравјето како основно човеково право и да се создаде свест за клучните фактори кои влијаат на нивното здравје. Жените ќе се здобијат со информации за превенција, лекување и справување со клучните здравствени проблеми, вклучувајќи ги заразните болести, исхраната, сексуалното и репродуктивно здравје, менталното здравје и стрес, лична хигиена, животната средина и здравјето итн. Програмата исто така ќе опфати и работилници за подигање на свеста за превенција од трговија со жени.

Partners
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Црвен крст на Република Македонија

Времетраење

Мај 2012 – Март 2013

Цели

Да се подобрат социјалните услови и квалитетот на живот на жените Ромки преку нивно зајакнување со нови вештини. Да се зајакнат ромските девојки и жени со знаења поврзани со здравјето. Да се подобрат можностите за вработување/самовработување на Ромските жени, преку организирање на обуки за стекнување вештини

Целна Група

60 жени Ромки на различна возраст, кои се невработени, имаат социјални и финансиски потешкотии, кои немаат друга поддршка и потекнуваат од сиромашни семејства

категорија
Минати проекти