Што значат нашите имиња?

celebrating-names

05 мар Што значат нашите имиња?

Знаевте ли дека името Ѓулистан значи „цвеќе“?
Денес го одбележавме денот на имињата. Разговаравме што значат нашите имиња, поканивме една мајка која ни објасни за значењето на традиционалните ромски имиња кои секојдневно ги среќаваме. Секое дете поединечно ни кажа како го добило неговото име и дали нивното име им се допаѓа. Повеќето од децата кажаа дека имињата ги добиле по своите дедовци и баби но имаше и деца кои имињата ги добиле од нивните кумови. Имаше деца што не знаеја дали нивното име има некакво посебно значење и што значат нивните имиња. На крајот секое дете си го напиша своето име и ги закачивме на еден постер. Порано децата имињата ги добивале исклучиво од бабите и дедовците, но во поново време се прават исклучоци па децата добиваат имиња по познати ликови од филмовите, спортски ѕвезди и сл.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално