Учиме да броиме до 10

11042952_792248837530439_687384214083956112_n

03 мар Учиме да броиме до 10

Секој ден во текот на месецот февруари, дечињата од нашиот центар за претшколска возраст учеа по еден број до 10, а ние се фокусиравме на задачата не само да ги научиме на памет да избројат до десет, туку и да ги препознаваат броевите и да знаат да ги читаат, испишуваат но и кога ќе видат одреден број на предмети да ја заприметат количината на истите. На крајот од месецот се одржа креативна работилница за родители и деца на која изработувавме „броенки“ во кои од една страна се гледаше одреден испишан број, а десно од него се лепеа разни предмети во тој број, на пример 2 цвекиња, 3 птици, 4 сончогледи и слично за помалите броеви, а за броевите 8 9 и 10 илустрациите кои ги користевме беа геометриските фигури кои ги научивме порано овој месец. Оваа броенка по комплетирањето, родителите си ја однесоа дома, и целта ни е во наредните месец дена или се додека не научат дечињата, родителите да ја користат броенката за да ги вежбаат броевите, да ги испрашуваат и да ги поттикнуваат да бројат со неа.

Нема Коментари

Испратете коментар