
10 Мар Со здрава храна до здрави навики
Здравиот живот започнува со здрава храна и здрави навики
Вчера во Едукативниот центар Надеж го одбележивме денот на здравата храна. Неколку пати овој месец веќе носевме овошје и зеленчук за потребите на други лекции, па овој пат решивме да ја илустрираме познатата пирамида на здрава исхрана која ни покажува колку од која храна е препорачано да се јаде дневно и што треба да содржи нашиот режим на исхрана. Дечињата исекоа фотографии од весници и промотивни флаери од различни продавници, па потоа одредија во која категорија припаѓаат и во кој дел од пирамидата треба да се сместат.
За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално