Прослава на Денот на шегата

01 Апр Прослава на Денот на шегата

Денот на шегата и оваа година го прославивме со дефиле на сите маскирани ученици во нашите проекти. Вчера се одржаа работилници со родители и деца во двата наши центри (Едукативен центар и Центар за претшколска возраст), каде што учениците заедно со нивните родители изработуваа маски кои ги носеа во текот на денешниот ден.
Утринава го отворивме центарот со џагор од детска смеа. Дечињата нѐ изненадија со веќе направени маски подготвени за прослава на денешниот ден – Денот на шегата. Се собравме во Едукативниот центар и направивме една ревија со сите маски каде што учениците можеа да се претстават и да ги покажат своите креации во полно светло.

Разгледајте го целиот албум со фотографии на Facebook преку овој линк.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално