
19 Мар Пролетна пермакултурна чистка
Како што е ред, пред почетокот на новата пермакултурна сезона, поканивме дел од родителите на нашите ученици и заедно ја исчистивме градината од пиреј, ја собравме старата слама од редовите и ја подготвивме за новите култури кои набрзо ќе ги засадиме. Ова беше одлична можност подобро да ги запознаеме родителите со оваа нова активност како дел од Едукативниот центар.
Малку подоцна во акцијата ни се придружија дечињата од Центарот за претшколска возраст кои од следната учебна година планираме да ги вклучиме во Едукативниот центар како најмлада група со која би работеле.
Нашиот соработник од Зелената арка, Огнен одржа информативна работилница за дел од родителите и волонтерите кои ќе се вклучат во оваа активност, а на крајот се почастивме со малку овошје, кафе и чај.
Градината сега е подготвена за новата пермакултурна сезона, а следниот чекор е лесна обработка на почвата и постилање на нов слој на слама.
За повеќе фотографии од оваа активност, посетете ја нашата Facebook страна.
За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално