Политика за заштита и сигурност на деца и ранливи групи возрасни на Ц.С.И. „Надеж“

03 Апр Политика за заштита и сигурност на деца и ранливи групи возрасни на Ц.С.И. „Надеж“

Политиката за заштита е развиена за да се подобри безбедноста и добросостојбата на децата и ранливите групи возрасни во Македонија. Центарот за социјални иницијативи “Надеж” верува дека детето или ранливите возрасни лица никогаш не треба да се соочуваат со злоупотреба од било каков вид. Ние имаме одговорност да ја промовираме благосостојбата на сите деца и возрасни и да ги одржуваме безбедно. Ние сме посветени да го практикуваме тоа на начин со кој ќе ги заштитиме.

Овој безбедносен документ е обврзувачки за сите вработени, волонтери, практиканти, членови на одборот, консултанти и други соработници. Со цел да се оствари правото на детето и ранливите возрасни на заштита од злоупотреба и запоставување, неопходно е да се воспостави систем за превентивни активности во однос на спречување на злоупотреба и запоставување, да се заштититат  од понатамошни злоупотреби и занемарување и да се обезбеди соодветна интервенција за обновување и понатамошен безбеден развој. Ефективната заштита на децата/ранливите возрасни бара јасно дефинирани чекори во процесот на заштита, како и јасно дефинирани улоги меѓу учесниците во процесот. Оваа политика треба да придонесе за зајакнување на заштитата на децата и ранливите категории на возрасни во заедницата.

На следниот линк можете да ја симнете Политиката за заштита и сигурност на деца и ранливи групи возрасни на Ц.С.И. „Надеж“:

2.Nadez-Safeguarding-Policy-MK

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално