ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА МЛАДИ НА ОБУКА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

15 Фев ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА МЛАДИ НА ОБУКА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ во рамки на проектот “Стратешки перспективи за работа со маргинализирани млади во Р.С.Македонија”, поддржан од  Shueler Helfen Leben, Германија, објавува повик за млади на возраст од 18-30 години за учество на обука за социјално претприемништво и менторирање во изготвување на бизнис план.

Обуката ќе се реализира  на 01,02,03 Март 2022 од 09.00-15.30ч, виртуелно преку платформата ZOOM.

По завршување на обуката ќе следи менторирање во мали групи за изработка на бизнис план, кое ќе се реализира исто така виртуелно преку платформата Zoom, а термините ќе бидат договорени дополнително согласно можностите на самите учесници.

Целта на менторската програма е да им овозможи на учесниците да се стекнат со вештини и знаења за да развијат успешен бизнис план за потенцијалните социјално претприемнички активности на ЦСИ НАДЕЖ, во чија реализација дел од учесниците би биле дирекно вклучени.

При изборот на учесници ќе се земе во предвид нивната мотивација за личен развој на ова поле, желбата за работа во овој сектор во иднина/ како дел од тимот на ЦСИ НАДЕЖ, како и возраста на учесниците. Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесници ќе се следи принципот прв пријавен-прв услужен.

Учесниците ќе добијат сертификат за учество.

Сите заинтересирани кандидати треба да пополнат пријава за учество најдоцна до 24.02.2022 година, преку Google Forms на следниот линк https://forms.gle/AXrRth3pk4kPfPnY7

Доколку имате дополнителни прашања може да нé контактирате на admin@csinadez.mk

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално