Повик за тендерска документација за изработка на онлајн платформа – веб страна за зелено делување

10 Јан Повик за тендерска документација за изработка на онлајн платформа – веб страна за зелено делување

ЦМА КРИК за потребите на проектот ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува повик за тендерска документација за:

Изработка на онлајн платформа – веб страна за зелено делување

Информации за проектот:

Име: ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Координатор: Центар за младински активизам ЦМА КРИК

Партнери: Здружение Центар за Социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

ЦЕЛНА ГРУПА

– стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,

– локалните општини

– давателите на социјални услуги и корисниците и

– младинските работници и младите

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

01.12.2023 – 30.09.2026

Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.

Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Информации за онлајн платформата – веб страна:

Ангажманот во рамки на повикот предвидува да се изработи функционална и лесна за користење веб страна наменета за проектот и проектните активности. Оваа функционална платформа ќе даде можност на многу организации да ја користат и да имаат алатка каде ќе може да најдат важни информации поврзани со заштитата на животната средина. Оваа онлјан платформа, односно веб страната треба да биде поврзана со 80 електронски адреси на одговорни лица за заштита на животната средина во секоја локална заедница. Преку оваа можност секој граѓанин ќе може директно преку кликање на копче да пријави проблем поврзан со животната средина. Онлајн платформата ќе биде хостирана на поддомен на веб страната на ЦМА КРИК и истата ќе треба да содржи:

– информации за проектот;

– категоризирана содржина;

– можност за регистрирање и креирање кориснички профили;

– поврзување со социјални медиуми;

– можност за пријавување на локален проблем за животната средина директно до релевантната општина, односно поврзуање со 80 општински електронски адреси во Р.С. Македонија;

– можност за пријавување на локални активности и иницијативи за заштита на животната средина.

Главни активности за реализирање:

· UX и UI на веб страната

· Креирање на прогресивна веб страна хостирана на поддомен на ЦМА КРИК

· Тестирање, обезбедување на квалитет и одржување на веб страната

Потребни квалификации:

Ангажираното физичко или правно лице треба да ги исполнува следниве квалификации:

· Најмалку 5 години работно искуство во креирање и одржување на веб страни;

· Докажано искуство како креатор на веб-страници;

· Портфолио кое покажува претходни проекти и достигнувања за развој на веб страна;

· Способност да се идентификува и реши проблем поврзан со функционалноста на веб страната и корисничкото искуство;

Период на ангажманот:

Испораката на услугите ќе се реализира во периодот од февруари до јули 2024. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде договорен помеѓу

ЦМА КРИК и договореното лице.

Доставување на документи кон понуда:

– професионална биографија (CV) и портфолио на кандидатот или правното лице;

– листа на реализирани проекти, услуги, активности релевантни за повикот со видливи и функционални линкови до веќе изработените услуги;

– финансиска понуда;

КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка

Предметот на набавката е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.

Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (the best value for money-quality ratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:

Цена 40 бода

Квалитет (според исполнителноста на потребните квалификации) 40 бода

Рок на испорака 20 бода

Број на бодови = најниска цена (без ДДВ) Х максимален број бодовипонудена цена (без ДДВ)

РОКОВИ

Рок за доставување на понудите 23.01.2024 година

Рок за избор на најповелен понудувач, известување и 25.01.2024 година

Потпишување договор за соработка 01.02.2024 година

Рок за спроведување на активностите и испорака на

услугата 01.02.2024 – 01.07.2024 година

Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.

Наведените документи треба да се достават преку електорнска пошта, на проектната електронска адреса zzzgreenadvocacy@gmail.com со назнака: Апликација за изработка на веб страна за проектот ЗЗЗ.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.

НАПОМЕНА: Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Повикот е отворен до 23.01.2024.

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на овој повик е единствена одговорност на ЦМА КРИК и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално