Повик за ангажман за изработка на промотивно видео

26 Фев Повик за ангажман за изработка на промотивно видео

За потребите на проектот „ПОДДРШКА ЗА НОВ ПОЧЕТОК“, како дел од проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици” имплементиран од Македонското здружение на млади правници, а финансиски поддржан од Европската Унија во рамките на програмата IPA/2022/433-960, Центар за социјални иницијативи Надеж – Скопје има потреба од ангажман на лице/тим/фирма за:

подготовка и реализација на видео за промовирање и видливост на самиот проектот (видеото е наменето за Facebook прикажување)

Видеото ќе содржи промоција на мобилните тимови, претставување на услугите, тестемонијал видео во кое учесниците на практичната настава ќе го споделат своето искуство и придобивките од овој проект.

Потребно е лицето/тимот да:

– направи нацрт сценарио за содржината на видеото

– ги посети институциите/центрите каде ќе се одржат обуките

– снимање на видеото

– монтажа и продукција

– присуствува на состаноци со проектниот тим за текот на подготовка на видеото.

Времетраење на ангажманот:

Времетраењето на ангажманот е од 04.03 – 31.08.2024 година.

За пријавување, кандидатот треба:

· да има искуство во подготовка, снимање и продукција на видеа, минимум 10

· да достави понуда со предлог буџет со вклучена користена опрема и патни трошоци (по километар)

Оценувањето ќе се изврши по следните критериуми:

· Искуство (55%)

· Финансиска понуда (45%)

Потребно е заинтересираните кандидати да достават кратка биографија и предлог буџет на: marina.bojanova@csinadez.mk

Рок за доставување на пријавата е 04.03.2024 година до 14:00 часот.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално