Повик за ангажирање обучувачи

13 Дек Повик за ангажирање обучувачи

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ обучувачи за тримесечни обуки за:

  • фризер/машки фризер
  • шминкер
  • маникир

1. Основни информации за организацијата

Ц.С.И. Надеж е граѓанска организација која работи на образовна, економска и социјална инклузија на луѓето од ранливите категории /луѓе во социјален ризик, со фокус на децата, младите, жените и Ромите, преку воспитно – образовна поддршка, помош при остварување на социјалните права и промоција на заедничкото живеење.


2. За проектот

Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, го спроведува проектот “Поддршка за нов почеток”, имплементиран од Македонското здружение на млади правници, во партнерство со Хелсиншки комитет, Избор-Струмица и Македонското Пенолошко друштво, а финансиски поддржан од Европската Унија?? во рамките на програмата IPA/2022/433-960.

3Ангажман на обучувачи:

ПОЗИЦИЈА 1  – фризер/машки фризер – 1 обучувач

ПОЗИЦИЈА 2 – шминкер – 1 обучувач

– ПОЗИЦИЈА 3  – маникир – 1 обучувач

4. Начин на испорака/ извршување на услугата

Обучувачите се должни да ги спроведат обуките во салонот кој ќе биде опремен во рамки на овој проект, а се наоѓа во општина Шуто Оризари. Групите на учесници за секоја од обуките ќе брои 4 – 5 лица. Распоредот за обуките ќе биде договорен дополнително во консултација со обучувачите и учесниците на обуките.

  • Рок на испорака / за извршување на услугата

Обучувачите се должни да ги одржат обуките во периодот 01.01.2024 -31.08.2024 година.

  • Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по завршување на обуките.

  • Право на учество

Право на учество има лице кое е сертификуван обучувач и/или професионалец/практичар со искуство во овие занаети.  Едно лице може да се пријави за една или повеќе позиции

  • Потребна документација

Заинтересираните кандидати треба да поднесат:

  • Кратка биографија и копија од диплома за завршено образование
  • Сертификати / дипломи за релизирани обуки
  • Предлог програма за обука во времетраење од три месеци;
  • Предлог буџет со финансиска пресметка за ангажманот по денови, со вкалкулирани трошоци за персонален данок;

Предлог планот за реализација ќе биде утврден заеднички со проектниот тим

  • Начин на поднесување на пријава
–  Поднесување во печатена верзија – лично или по пошта – Поднесување по електронски пат на admin@csinadez.mk со назнака: Пријава за обучувачи за фризери, шминкери и маникир
  1. Краен рок и место за поднесување на пријава – 22.12.2023, до 16.00 часот.
Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално