ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОМОТИВНА КАМПАЊА ЗА CROWDFUNDING АКТИВНОСТИТЕ НА ЦСИ НАДЕЖ

07 окт ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОМОТИВНА КАМПАЊА ЗА CROWDFUNDING АКТИВНОСТИТЕ НА ЦСИ НАДЕЖ

ЦСИ НАДЕЖ од април 2021 стана постојан партнер на Global Giving, една од најголемите crowd funding платформи за невладини организации во светот. Нашата цел е преку оваа платформа да обезбедиме поддршка за вклучување на дополнителни 60 ранливи деца во активностите на нашиот Едукативен Центар Give education to 60 vulnerable Roma children – GlobalGiving.

Промотивната кампања треба да придонесе за привлекување на нови потенцијални донатори и достигнување на предвидената сума на средства.

Кампањата “Giving Tuesday” ќе се реализира во текот на месец ноември 2021, со акцент на 30ти ноември.

 

  1. Основни и посебни цели

Основна цел на овој ангажман е креирање и спроведување на промотивна кампања за crowd funding активностите на ЦСИ НАДEЖ, на тема “Giving Tuesday”.

Во оваа насока предвидено е ангажирање на експерт/маркетинг агенција за реализирање на наведените посебни активности:

  1. Подготовка на детален план со активностии временска рамка за спроведување на промотивната кампања на социјални медиуми;
  2. Подготовка на спонзорирани постови за социјалните медиуми (сумата за спонзорирање да биде вклучена во понудата) *
  3. Подготовка на кратко анимиранo видеoи негова промоција на социјалните медиуми или друг промотивен продукт по предлог на експертот/ маркетинг агенцијата ;
  4. Привлекување на нови потенцијални донатори преку е-маил маркетинг и други алтернативни начини по предлог на експертот/маркетинг агенцијата.

 

  1. 2Искуство на експертот/маркетинг агенцијата
  2. Најмалку 2 години работно искуство во креирање и водење промотивни кампањи на социјални медиуми и реализирани најмалку 5 успешни кампањи;
  3. Искуство во работа со граѓански организации ќе се смета за предност.

 

  1. 3. Потребни документи за аплицирање на повикот
  • Професионална биографија CV /Портфолио
  • Линкoви до изработени кампањи од експертот/маркетинг агенцијата релевантни за овој повик;
  • Понуда која ќе вклучи план на активности со временска рамка и цена на чинење на услугите.

 

  1. Критериуми за евалуација
  • Експертиза/искуство 30%
  • Финансиска понуда 40%
  • План на активности со временска рамка 30%

 

Ве молиме доколку сте заинтересирани, потребните документи да ги доставите на е-маил admin@csinadez.mk со назнака „Aнгажирање на експерт/маркетинг агенција за креирање и спроведување на промотивна кампања“, најдоцна до  14 Октомври, 2021 година.

 

Сите понуди ќе се разгледуваат и оценуваат врз основа на потполноста на информациите кои се побаруваат и врз основа на критериумите за евалуација објаснети во барањето за понуда.

 

Понудата треба да има валидност од минимум 90 дена.

 

*Линкови до web страната и организациските профили на ЦСИ НАДЕЖ на социјални медиуми:

Web: Nadez- Centre for social Initiatives | Helping people in need (csinadez.mk)

FB: (2) Center for Social Initiatives “Nadez” | Facebook

Instagram: ЦСИ Надеж (@zcsinadez) • Instagram photos and videos

LinkedIn: Centre for Social Initiatives NADEZ: Overview | LinkedIn

Активноста е дел од проектот “Agency and Independence – Strategic Perspectives for the Work with Marginalized Youth in North Macedonia”, кој е финансиски поддржан од Schuler Helfen Leben- SHL, Germany.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално