Оглас за работно место Координатор за односи со јавност и комуникации

09 Авг Оглас за работно место Координатор за односи со јавност и комуникации

 

Оглас за работно место Координатор за односи со јавност и комуникации

Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ има потреба од лице задолжено за комуникации и односи со јавност.Позицијата предвидува полно работно време за период  до 31.12.2021, со можност за продолжување на работниот ангажман.

 

Опис на позицијата

  • Развивање и имплементација на стратегија за социјални медиуми која ќе биде во согласност со основната комуникациска стратегија на организација, подобрување на присуството и видливоста на организацијата на социјални медиуми;
  • Развивање и имплементација на план за унапредување на веб страната на организацијата и проектните веб страни и нивно редовно ажурирање, во соработка со програмскиот персонал;
  • Подготвување и спроведување кампањи за публикации и веб странa, како и идентификување соодветни промотивни механизми и платформи;
  • Идентификување и адаптирање на најдобрите практики и алатки за визуелизација на податоци, веб комуникации, дизајн и социјални медиуми; континуирано следење на развојот на новите технологии и советување на раководството како истите да се интегрираат во проектите на организацијата;
  • Подготовка на комуникациските материјали како соопштенија за медиуми, брифинзи, билтени, годишни извештаи, како и комуникациски пакети наменети за донатори;
  • Учествува во подготовката на сите печатени и електронски надворешни  материјали на организацијата, дизајн на публикации и веб страни;
  • Координација и логистика за промоции, конференции, конференции за медиуми и други настани;
  • Редовно фотографирање на секојдневните проектни активности во Организацијата;
  • Одржување на датабази со контакти.

 

Потребни квалификации

  • Завршени додипломски студии од областа на комуникации, или друга релевантна област (Работно искуство и/или дополнителни неформални обуки за комуникации ќе бидат земени предвид наместо универзитетска диплома).
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint;
  • Вештини за користење социјални медиуми за професионални цели;
  • Добро познавање на WordPress или други платформи за администрирање на веб-страници, како и познавање на сервисот MailChimp;
  • Базично познавање за графички дизајн;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик и високо развиени вештини за уредување на текстови на двата јазика;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Способност за истовремено управување со повеќе проекти во динамична работна средина;
  • Способност за тимска работа и работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

 

Документи за пријавување

1.CV (на македонски или англиски јазик).
Појаснување: Форматот на CV не е важен, но истото задолжително мора да содржи информации за: работно искуство (работна позиција, опис на работни активности, работодавач и датуми), формално образование (полна листа), неформално образование (само од релевантност за огласот), јазици (со задолжителен осврт на ниво на познавање јазиците наведени во делот за “Потребни квалификации” во овој оглас) и компјутерски вештини (со задолжителен осврт на ниво на познавање на програмите наведени во делот за “Потребни квалификации” во овој оглас).

Доколку имате публикации или друг објавен материјал Ве молиме наведете го. Во овој дел можете да ставите линкови до профили на социјалните медиуми кои Вие сте ги користеле или одржувале за професионални цели доколку сакате да ги земеме предвид.

  1. Пропратно писмо (на македонски јазик).
    Појаснување: Во ова писмо очекуваме да ни кажете зошто сте заинтересирани за оваа позиција и како Вашите квалификации одговараат на позицијата, преку директно поврзување на Вашето досегашно работно искуство и/или образование со квалификациите кои се бараат според овој оглас. Примери од претходно искуство на исполнување на предвидените задачи во овој оглас ќе бидат повеќе од добредојдени.
  2. Пример од Ваш текст.
    Појаснување: Пример или извадок од Ваш пишан труд, колумна, статија, содржина за социјални медуми и слично (на македонски или англиски јазик).

Вака подготвената апликација треба да ја пратите по електронска пошта на admin@csinadez.mk со наслов За олас за Координатор за односи со јавност и комуникации_(име и презиме). Рокот за пријавување е  20.08.2021.

Кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат повикани на интервју.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално