Нашиот Тим

Организациска структура

Организациската поставеност на Центарот за социјални иницијативи НАДЕЖ е согласно Статутот на Центарот, а негови органи се Собрание, Управен одбор и Надзорен одбор.

Собрание

Највисок орган на Ц.С.И Надеж, составен од сите членови. Собранието избира членови на Управниот одбор, како и претседател на овој орган со мандат од 4 години. Собранието ги поставува насоките за сите политики на организацијата и ги усвојува годишните финансиски планови и извештаи.

Претседател

Претседателот е задолжен за претставување и застапување на организацијата на надворешни средби и во целокупниот правен промет со трети лица. Претседател на Ц.С.И Надеж е г-ѓа Марина Бојанова.

Управен одбор

Управниот одбор на Ц.С.И Надеж е составен од пет члена. Управниот одбор ги спроведува заедничките политики и ставови утврдени од Собранието, одлучува за стекнување и располагање со средствата на организацијата и е одговорен за спроведување на сите проектни активности на организацијата.
Претседател на Управниот одбор на Ц.С.И Надеж е г-ѓа Весна Бојаџиска.

Членови на Управниот одбор на Ц.С.И Надеж се:

  • Весна Бојаџиска
  • Татјана Димитрова
  • Афродита Раевска
  • Сунчица Димитријоска
  • Ангел Димитриевски

Надзорен одбор

Надзорниот одбор на Ц.С.И Надеж е составен од три члена. Одборот го следи спроведувањето на Статутот и програмата, се грижи за работата и имотот на Организацијата и други работи на начин утврден со Статутот.

Членови на Надзорниот одбор на Ц.С.И Надеж се :

  • Тинка Китевска
  • Александра Ефремовска
  • Јовица Димитријевски

Членовите имаат посетувано повеќе семинари, курсеви како и обуки за професионално усовршување:

  • Стратешко планирање
  • Комуникација и комуникациски вештини
  • Менаџмент на човекови ресурси
  • Решавање на проблеми и донесување одлуки
  • Маркетинг и интернет маркетинг
  • Креирање на логичка рамка
  • Медијација и разрешување на конфликти во меѓуулични и меѓугрупни односи
  • Улогата на НВО во демократско граѓанско општество
  • Изработка на финансиски годишни извештаи, даночен биланс и пресметка на данок
  • Грижа за корисници и управување со стрес
  • ИЦДП, Меѓународна програма за развој на деца
  • Изнаоѓање на дополнителни финансии (донации)
  • Лобирање, застапување, односи со јавност, медиумска кампања и градење партнерства со медиуми
  • Пишување на проекти
  • Менаџирање на проекти
  • Менаџмент во невладин сектор
  • Организирање на локалната заедница
  • Организација на настани
  • Обука за социјална работа со повратници – азиланти
  • Обука за непристрасност на возрасни – образование за социјална правда
  • Серија на работилници за работа со бегалци и внатрешно раселени лица (ПТСС), АРТ и музико терапија
  • ART and music therapy
  • Специјализиран курс – невладини организации, нивната улога во социјалниот систем и јакнењето на цивилното општество, германски модел и македонско искуство
  • ЕРЗО конференција – Поврзани капацитети
  • Превенција на ХИВ – обука за работа на терен со адолесценти со ризично однесување
  • Семејно насилство, сексуално и репродуктивно здравје