За нас

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ПРАВАТА НА РОМИТЕ

НАШАТА ВИЗИЈА

Квалитетно живеење и економска благосостојба за маргинализираните заедници во Северна Мaкедонија.

Организациска Структура

Организационата структура на Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ е составена од Собрание, Надзорен и Извршен одбор, согласно Статутот на Центарот.

дознај повеќе

НАШАТА МИСИЈА

Здружение Ц.С.И. Надеж Скопје е граѓанска организација кое активно се залага за подобрување на квалитетот на живот преку овозможување еднаков пристап до квалитетно образование, социјална интеграција и кое промовира и реализира активности за стекнување на вештини на младите и маргинализираните заедници со фокус на Ромите во Р.Северна Македонија

НАШИ ДОСТИГНУВАЊА

За време на 24 години работа, Ц.С.И. Надеж има дадено поддршка на повеќе од 6900 деца, 1600 млади, 2150 жени, 185 постари личности, 5565 семејства и 989 повратници (баратели на азил) во Скопје и 325 повратници во другите градови во Македонија преку реализираните активности и проекти, а има постигнато и други важни резултати.

НАДЕЖ НИЗ ГОДИНИТЕ

Обезбедивме големо количество хуманитарна помош


 

Csi Nadez year 2007Вкупно 377 ромски деца од Момин Поток, Злокуќани, Ѓорче Петров, Маџари, Кланица, Топана, Шуто Оризари и Вардариште беа корисници на нашите активности. Обезбедивме хуманитарна помош за 900 ромскисиромашни семејствa. Oдржувавме дополнителни часови за децата кои имаа потреба од оваа образовна поддршкаво 5 училишта, за време на целата учебна година.

Дадовме се од себе!


Csi Nadez Year 2009Оваа година поддржавме 303 деца: 268 од основно образование и 38 од вечерното училиште ,,Макаренко”. Уличната социјална работа продолжи во полн ек. Ги посетувавме децата и семејствата постојано, разговаравме со нив и советувавме за проблемите со кои се соочуваа. Одржавме 36 информативни работилницисо 720 родители од три училишта.

Направивме големи напори за зајакнување на образованието


CSI Nadez Year 2010Поддржавме 200 ромски деца, 194 од основните училишта и 6 од вечерното училиште ,,Макаренко’’. Младинскиот центар полека го развивавме и ги проширивме активностите. Воведовме креативни активности кои со голем интерес беа посетувани од сите 60 деца во Центарот. Одржавме 8 работилници со 160 родители на тема: ,,Превенција на потенцијалната миграцијаво државите на ЕУ” како резултат на зголемените привремени напуштања на државата и барање азил во западно европските земји.

Поинтензивно се ангажиравме околу проблемот со миграција


year2011_csiNadezВо овој период полека но сигурно ги развивавме активностите во Младинскиот центар. Организиравме 8 работилници со 160 родители на тема „Превенција на миграција во земјите од ЕУ“ за да се ублажи зголемениот број Роми кои бараат азил во западно-европските земји. Работевме и на проект за реинтеграција на повратници од Холандија, во кој се грижевме повратниците да ги добијат сите услови за повторно отпочнување со нормален живот во нашата земја.

Вклучивме 170 деца од основно образование


CSINADEZ year2012Младинскиот центар го засиливме со нови активности. Една од нив се работилниците за компјутерски вештини во кои учествуваа сите деца кои изразија интерес за подобрување на овие вештини. 150 родители стекнаа знаење за заразните болести и нивна превенција наедукативни здравствени работилници кои ги одржавме со нашиот партнер Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Успешно завршен проектот „Едукација преку улична социјална работа“


CSINADEZ year 2013За оваа учебна година, како и до крајот на 2013та поддржавме 260 деца. На 103 деца им овозможивме едукативни прошетки во природа и посети накултурно-историски локалитети и знаменитости. Втора година по ред со децата од Младинскиот центар го одржавме турнирот ,,Игри без граници”. Оваа година во него учествуваа и деца од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари. Поделивме хуманитарна помош на 900 семејства во потреба.

Започнавме нови проекти и ѝ рековме добредојде на Пермакултурата


2014_timeline Csi NadezБлагодарение на поддршката од Шулер Хелфен Либен, започнавме нов проект наречен „Едукативен центар Надеж“ преку кој даваме образовна поддршка на 70 ромски деца на возраст од 6 до 11 години. Чекор по чекор фондацијата ни даде поддршка за отворање на претшколски центар во рамките на проектот „Подобро родителство за подобар успех на ромските деца“, кој згрижува 40 дечиња од Шуто Оризари на возраст од 4 и 5 години. Со професионалната поддршка на Зелената Арка и нашата волонтерка Ирина, заедно со децата од Ц.С.И. Надеж засадивме Пермакултурна градинаво нашиот двор, во која дечињата научија важни лекции за одгледувањето зеленчук и грижата за природата.

Го прославивме денот на Ромите со Амбасадорот на САД


DSC_0052Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Л. Бејли го одбележа Меѓународниот ден на Ромите заедно со децата, родителите и тимовите од центрите: „Ц.С.И. Надеж“, „Дендо Вас“, и „Амбрела“ во Шуто Оризари. Амбасадорот беше дел од активноста „Читањето и математиката се забавни“ организирана од Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ каде читаше сликовници со најмладите ученици и се запозна со едукаторите, волонтерите и раководните тимови од трите центри.

НАШИОТ ТИМ ОД ЕКСПЕРТИ

Клара Мишел Илиева

Проект Менаџер

Весна Бојаџиска

Проект Менаџер

Афродита Раевска

Финансиски Менаџер

Станика Глигорова

Социјален Работник

Славе Ангелов

Лице за односи со јавност

Соња Младеновска

Педагог

Христина Јовановска

Педагог

Јовица Димитриевски

Педагог

Александра Неделковска

Педагог

Сељадин Јашар

Помошник Виспитувач

Благица Баткоска

Помошник Воспитувач

Славчо Здравески

Логистичар
Повеќе за тимот