Да ја поддржиме иницијативата од Македонија на Едукативниот Центар НАДЕЖ во рамки на годинешното глобално движење #GivingTuesday

257752934_4616295455125739_1522640162040955488_n

24 ное Да ја поддржиме иницијативата од Македонија на Едукативниот Центар НАДЕЖ во рамки на годинешното глобално движење #GivingTuesday

Оваа година, ЦСИ НАДЕЖ, учествува во глобалната иницијатива за зајакнување на сите форми на добротворни придонеси за општеството. Наречено #GivingTuesday, ова глобално движење на филантропијата кое го означува почетокот на сезоната на подарување, покажа голем успех во фокусирањето на светското внимание на моќта на давањето за подобрување на животот на луѓето.

Потребна е вашата поддршка за да се овозможи едукацијата на 60 деца, Роми, на возраст од 5 – 14 години, и со тоа ќе им помогнеме на новите генерации да ја градат својата иднина преку образование! Во Македонија стапката на учество во раното детско образование на децата Роми на возраст од 4-6 години е само 14% и е значително под просекот на ЕУ. Овие деца се соочуваат со екстремна нееднаквост на почетокот на нивното образование, што често доведува до напуштање на училиштето и неуспех да се интегрираат во општеството. Предвременото напуштање на училиштето е особено високо кај девојчињата. Нискиот социо-економски статус на родителите и ниското ниво на писменост имаат силно влијание врз училишниот успех на овие деца. За овие деца е утврдено дека се изложени на ризик да го напуштат училиштето – за да не се случи тоа, потребна им е дополнителна помош. Главните активности ќе се фокусираат на изучување на македонскиот јазик и исполнување на стандардот за упис во училиштата за 5 годишни деца, помош при пишување на домашните задачи, поддршка за читање, помош по математика за училишни деца, како и серија работилници на тема онлајн насилство кои особено таргетира сиромашни и ранливи деца и ментално здравје и благосостојба особено за време на тековната пандемија на Ковид-19. Тоа го добиваат во Центарот за едукација на деца од ранливи групи, во најголемата ромска општина во Европа-Шуто Оризари, кој го води Здружението Ц.С.И. Надеж од Скопје. Надеж ги подготвува и внесува овие деца на училиште, обезбедувајќи им ги сите потребни училишни материјали. Во Центарот, децата добиваат и дополнителна поддршка после училиште и здрава ужина. Се обезбедува и советодавна поддршка за родителите.

На овогодинешниот #GivingTuesday, приклучете се со мал личен придонес, кој заедно со сите останати на овој ден ќе направи големо влијание во животите на овие ранливи дечиња. Вашата донација дадена токму на овој ден има двојно влијание бидејќи ќе овозможи Едукативниот Центар Надеж да добие и дополнителни сретства од GlobalGiving платформата. Затоа обележете го 30 Ноември во Вашиот календар! Овие дечиња ја очекуваат вашата поддршка! Сите заинтереисрани може да донираат на  https://www.globalgiving.org/projects/give-60-vulnerable-children education/?fbclid=IwAR3vnkWWD7WKWrHw736iGBDLoy2KBU6yXv9I7cMmvi03B1gDnI3J-BTsG9E

Иницијатаивата е поддржана од глобалната платформа GlobalGiving и фондацијата Schuler Helfen Leben.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално