
22 Апр Активности по повод Ден на планетата Земја
Денес го прославивме Денот на планетата Земја преку разни активности со сите групи во Едукативниот центар Надеж. Најмалите дечиња се запознаа со темата „екологија“ и што таа претставува. Дечињата во трето одделение заедно со родителот кој беше со нас во текот на денешниот ден го собраа отпадокот околу нашиот центар. Истовремено друга група третоодделенци креираа пеперутки и украси со повторно искористување на пластични шишиња и украсни ленти. Оваа активност продолжи до крајот на денот и со децата во четврто и петто одделение, кои научија малку повеќе од другите за важноста на еколошката чистота и како истата да ја одржуваме.
За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално