Регистрација за трка „Трчаме заедно“

25 May Регистрација за трка „Трчаме заедно“

Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и фондацијата Schuler Helfen Leben, во соработка со општината Шуто Оризари, ве покануваат на првата хуманитарна трка „Трчаме заедно“ на 10 јуни што ќе се одржи во населбата Шуто Оризари. За прв пат во Шуто Оризари, деца, ученици, студенти, компании, претставници на институции и организации ќе трчаат за да покажат дека физичката активност е важна за детскиот развој.

Трката „Трчаме заедно“ вклучува две одделни трки. Првата трка е 2 километарска детска трка на којашто ќе земат учество деца од 8 до 14 години, вклучувајќи ги и децата од Центар за социјални иницијативи „Надеж“.

Трката за возрасни е трка на 4 километри којашто е отворена за сите заинтересирани индвидуалци, претставници на компании, институции и организации, средношколци, студенти и волонтери. Оваа трка има хуманитарен карактер и индивидуални донации се добродојдени на посебно означените места на денот на трката.

По завршувањето на двете трки, ве покануваме на забава во дворот на Центар за социјални иницијативи „Надеж“ во Шуто Оризари. Заедно да ги прогласиме победниците, да слушаме добра музика, да се дружите со децата што го посетуваат нашиот центар и да учествувате во интерактивните зони со работилници што нашиот тим ќе ги подготви за вас.

Информациите за пријавување на трката се достапни на следниот линк:

https://goo.gl/forms/trCPfFfUd2DyWnHg1

Пријавувањето ќе биде отворено до 30 мај до 14:00 часот. Информации и точни инструкции до локацијата ќе бидат доставени во пакетите за регистрирани учесници.

Ве покануваме на 10 јуни во Шуто Оризари да „Трчаме заедно“.

 

naslovna

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.