
29 May Оглас за работно место: Координатор за односи со јавност
За потребите на проектот во Центарот за едукативна поддршка на деца Роми, Центар за социјални иницијативи „Надеж“ објавува конкурс за координатор за односи со јавност и главен асистент на координаторот од проектот „Едукативен центар Надеж“ за период од 6 месеци, со можност за продолжување на работниот ангажман.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
1.Да имаат завршено високо образование (приоритет ќе им се даде на кандидадите со завршено образование од општествените науки)
2.Да знае да работи во програмите на Microsoft Office и да има базични познавања за графичко дизајнирање
3.Да има добро познавање од работање со социјалните медиуми
4.Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
5.Да има искуство во односи со јавност и комуникации, првенствено во граѓанскиот сектор
6.Одлични комуникациски и административни вештини
7.Можност за работа со флексибилно работно време
8.Претходното работно искуство ќе се смета за предност
Задачи за работната позиција:
1.Пишување и уредување на натписи за веб страницата, фејсбук фан страницата и билтенот на Ц.С.И. Надеж, како и зголемување на бројот на следбениците на овие канали
2.Фотографирање на секојдневните активности во организацијата
3.Пишување на соопштенија за медиуми и изработување на презентации за потребите на проектот „Едукативен центар Надеж“ и за организацијата
4.Координирање на волонтерите во организацијата
5.Ажурирање на блог за проектот „Едукативен центар Надеж“
6.Одржување на датабази со контакти
7.Помош при организирање на настани (фандрејзинг, инфо-денови, промотивни настани за организацијата итн.)
8.Можност за претставување на проектот на ТВ и радио емисии и претставување на настани од важност за организацијата
9.Подготовка на месечни извештаи
Кандидатот во Ц.С.И. Надеж ќе пронајде:
1.Динамична работна средина
2.Можност за обуки
3.Фер и коректен однос
4.Навремена исплата на плата
Потребни документи за аплицирање:
1.Мотивациско писмо
2.Кратка биографија (CV)
3.Копија од уверение за потврда на завршено образование
4.Копија од дополнителни дипломи и сертификати
Крајниот рок за аплицирање е 10.06.2017 до 16:00 часот.
Селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор по којшто ќе се направи крајниот избор.
Апликациите треба да бидат доставени на електронската пошта admin@csinadez.mk со назнака „За оглас за координатор за односи со јавност“.
Sorry, the comment form is closed at this time.