Скопска трпеза

За овој проект

Резиме

Врз основа на неколку истражувања, Ц.С.И. Надеж ги утврди квартовите во кои живее најсиромашното население во Скопје, па така со овој проект ги опфати оние кои живеат далеку под границата на сиромаштијата. Скопската трпеза им помага на лицата во потреба, да го премостат тешкото време и со тоа да добијат мотивација за надминување на проблемите. Храната (намирниците) штом се собере од донаторите, се дистрибуира директно во домот на семејствата, им се дели на бездомниците и децата на улица, на народни кујни и сл. Проектот се состои од четири компоненти:

  • Медиумска кампања, информирање на населението за целите на проектот, дистрибуирање на брошури, посети и разговори со носители на локалната власт
  • Изнаоѓање на донатори кои ќе донираат храна, намирници и облека, како и разнесување на истата
  • Изнаоѓање на корисници и нивна евиденција
  • Отворање на координативен центар и воведување на СОС фиксна линија

Резултати

Подобрена исхрана и подобрен квалитет на живот на сиромашните луѓе во околината на Скопје. Применети начелата на взаемност, солидарност и хуманост. Рационално искористена храна и облека.

Поддржувачи

Репринт дизајн
Хацат – Клинички центар
Градот Нирнберг
Холандска амбасада 
Германска амбасада во Скопје
Ресторан “Ореов лад”
Хотел “Холидеј ИН”
GTZ
Приватни донатори

Времетраење

мај 2004 - декември 2010 г.

Донатори

GIZ, Германска амбасада во Скопје, Швајцарска амбасада во Скопје,

Цел на проектот

Да се собере и дистрибуира храна и облека на лицата на кои им е најпотребна. Да се шират начелата на взаемност, хуманост, солидарност.

Целна група

Најсиромашното население во скопските општини: Деца од улица, бездомници, проститутки, зависници од дрога,сиромашни семејства кои не се опфатени со социјална заштита, народни кујни.

категорија
Минати проекти