Образование преку улична социјална работа

Education through Street Social Work 2012/13

За овој проект

Позадина на проектот

Многу ромски деца кои го започнуваат основното образование покажуваат тенденција да не го завршат, и покрај тоа што според Законот за образование во Македонија тоа е задолжително. Во целост, ромското население има најниско ниво на образовни достигнувања, 61% посетуваат основно образование а само 44,6% завршуваат основно образование. Релевантните податоци покажуваат дека диспропорцијата на ромски деца на почетокот на основното образование се зголемува во текот на школувањето. Ц.С.И. Надеж работи на овој проблем веќе седум години и за ова време, на годишно ниво има поддржувано во просек 243 деца, од кои само 15% ја немаат завршено соодветната училишна година. Потврдувајќи ја потребата за натамошна поддршка на ромските деца, ние продолжуваме да работиме на овој проблем ублажувајќи го осипувањето и помагајќи им на децата во совладување на нивните училишни обврски.

Резиме на проектот

Проектот ги опфаќа следните активности:

  • Обезбедување на основните училишни неопходности на децата, како училишни материјали, облека и ужинка
  • Практична помош во извршување на училишните задачи во нашиот Младински центар
  • Улична социјална работа, односно редовни посети на семејствата и надгледување на децата
  • Средби со родители и претставници од училиштата
  • Креативни активности во нашиот Младински центар
  • Врсничка едукација со едукатори од Црвен крст
  • Здравствено образование со едукатори од Х.Е.Р.А.

Обезбедување на основните училишни неопходности на децата, како училишни материјали, облека и ужинка
Практична помош во извршување на училишните задачи во нашиот Младински центар
Улична социјална работа, односно редовни посети на семејствата и надгледување на децата
Средби со родители и претставници од училиштата
Креативни активности во нашиот Младински центар
Врсничка едукација со едукатори од Црвен крст
Здравствено образование со едукатори од Х.Е.Р.А.

Партнерство

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукаицја и истражување Црвен Крст од општина Центар

Донарор

Shueler Helfen Leben – Germany

Цели

Да се зголеми бројот на ромски деца во Република Македонија кои успешно го завршуваат основното образование. Да се зголеми образовната вклученост на децата преку подобрување на нивниот училишен успех и редовност, и да се зголеми нивната социјална инклузија преку промена на навиките кои водат до социјална исклученост.

Целна Група

140 ромски деца од Скопје, кои доаѓаат од сиромашни социјално загрозени семејства.

Времетраење

септември 2012 – март 2013

категорија
Минати проекти