Едукативен центар Надеж

Educational Centre nadez Skopje

За овој проект

Позадина на Проектот

Децата со кои избравме да работиме потекнуваат од многу ранлива група на семејства. Голем дел од родителите на овие деца се неписмени, по цел ден се надвор од дома за да најдат алтернативна егзистенција, или имаат повеќе деца, па не се во можност на сите да им посветат внимание и да им помагаат во образовниот процес на училиште. Како резултат на тоа и на малиот степен на мотивација кој родителите го покажуваат, се соочуваме со намален интерес и разбирање за наставното градиво на училиште, во период во кој се менува образовниот систем и се воведува т.н. Кембриџ програма која значително ќе го отежни процесот на едукација за ромските деца во основно образование, знаејќи колку покомплексно и понапредно е училишното градиво според истата.
Во Едукативниот центар Надеж ние се осигуруваме дека дечињата ќе ги сфатат образовните материјали преку секојдневна неколкучасовна работа, преку која се осигурува алтернативна настава која е интересна и сеопфатна, и најважно од се фокусирана на помали групи на ученици – нешто што е претставува голем проблем за воспоставување во училиштето кое што го посетуваат.

Проектот ги опфаќа следните активности:

  • Обезбедување на основните училишни неопходности на децата, како училишни материјали, облека и ужинка
  • Едукативна програма имплементирана преку алтернативен начин на образование кој е креативен и наменет за децата од нашата целна група
  • Редовни посети на семејствата и надгледување на децата
  • Средби со родители и претставници од училиштата
  • Креативни активности и тематски предавања, одбележување празници, познати меѓународни признати денови и сл.
  • Работилници за родители и деца

Донатор

Shueler Helfen Leben – Germany

Цели

Да се зголеми бројот на ромски деца во Република Македонија кои успешно го завршуваат основното образование. Да се зголеми образовната вклученост на децата преку подобрување на нивниот училишен успех и редовност, и да се зголеми нивната социјална инклузија преку промена на навиките кои водат до социјална исклученост.

Целна Група

70 ромски деца од Шуто Оризари, кои доаѓаат од сиромашни социјално загрозени семејства, семејства со самохрани родители, корисници на социјална парична помош, многудетни семејства.

категорија
Тековни Проекти