март 2015

permakultura
Пролетна пермакултурна чистка

Како што е ред, пред почетокот на новата пермакултурна сезона, поканивме дел од родителите на нашите ученици и заедно ја исчистивме градината од пиреј, ја собравме старата слама од редовите и ја подготвивме за новите култури кои набрзо ќе ги засадиме. Ова беше одлична можност...

earlyspring
Почнува да мириса на пролет

Денешниот ден го поминавме набљудувајќи ги промените во природата пред официјално да ја дочекаме пролетта. Листопадните дрвја пројавија пупки кои набргу ќе расцветаат. Зимзелените нѐ посипаа со полен, а неколку храбри растенија нѐ изненадија во градината со нивната издржливост на ниски температури, па во целосен...

11046976_957610404249549_8004487106166828746_n
Благодарница од Црвен Крст на Македонија

По повод 70 години постоење на Црвен крст на Република МакедонијаЦентар за социјални иницијативи Надеж доби благодарница за успешната соработка која ја негуваме долго време. На Црвен Крст им го честитаме 70-от роденден и им посакуваме уште многу години постоење и соработка со нас. Ви благодариме...

11046547_797538727001450_2353219234187466977_n
Веселата и тажната приказна

За подобро да ги разбереме емоциите и зборовите кои претставуваат различни емотивни состојби, едукаторките на децата им приредија театарско читање на кратката интерактивна претстава „Веселата и тажната кутија“ - приказна за една весела кутија која објаснува дека е таква бидејќи дечињата ја сакале и во...

Форми, бои и подготовка за прво одделение
Форми, бои и подготовка за прво одделение

Овој месец со дечињата во Центарот за претшколска возраст во Ц.С.И. Надеж работиме на разбирање на концептите форма и боја. Низ разни креативни вежби се обидуваме да им ја доловиме различноста на геометриските форми и нивните имиња. Зборувавме и за боите кои ги среќаваме во нашата околина. Од друга...

Roma children learning about human senses
Учиме за човековите сетила

Учиме за човековите сетила Минатата седмица почнавме да учиме за сите човекови сетила. До сега ги обработивме сетилата за вид, слух, допир и мирис. Низ многу игри и поучни вежби се обидовме да им ја разјасниме на децата улогата на секое сетило поединечно, за да сфатат...

Better Parenting workshop with Stanika Gligorova
Работилница за подобро родителство

Работилница за подобро родителство со Станика Глигорова Овој месец се одржа втората предвидена средба на родителите со нашиот социјален работник Станика Глигорова, на која беше изведена една мала работилница за подобро родителство, поточно за начините на кои може да се мотивираат децата, да се пофалат но...

healthy-food
Со здрава храна до здрави навики

Здравиот живот започнува со здрава храна и здрави навики Вчера во Едукативниот центар Надеж го одбележивме денот на здравата храна. Неколку пати овој месец веќе носевме овошје и зеленчук за потребите на други лекции, па овој пат решивме да ја илустрираме познатата пирамида на здрава исхрана...

womensday
Како го прославивме 8-ми март

Со мало задоцнување сакаме да ви покажеме што правевме по повод Денот на жената 8 Март. Во Едукативниот центар Надеж поканивме мајка која сметаме дека е од најеманципираните од родителите во нашиот проект, која заедно со нашите едукаторки на децата им објасни зошто се празнува...

celebrating-names
Што значат нашите имиња?

Знаевте ли дека името Ѓулистан значи „цвеќе“? Денес го одбележавме денот на имињата. Разговаравме што значат нашите имиња, поканивме една мајка која ни објасни за значењето на традиционалните ромски имиња кои секојдневно ги среќаваме. Секое дете поединечно ни кажа како го добило неговото име и дали...