Тим на Надеж на тренинг за интеркултурно разбирање во Романија

16 Мај Тим на Надеж на тренинг за интеркултурно разбирање во Романија

Оваа недела двајца наши едукатори и нашето лице за односи со јавност присуствуваат на тренинг во Сату Маре, Романија; на темата „Интеркултурно разбирање и менаџирање при работа со малцинства,“ како дел од проектот Интеграција без граници,“ во покровителство на Еразмус + програмата.

Интеграција без граници е проект кој е спроведен во контекст на идејата за Европа која ги вреднува различностите, но пати од контекстот на притисоци врз малцинствата со долга историја на изолација, неодамна како резултат на втурнувањето на голем број на мигранти во контекст на економска и социјална депресија. Целиот склоп на проектот се осврнува на начините како оваа инклузивност би можела да се овозможи и како професионалците треба да се подготват за да помогнат во тоа.

Проектот цели кон развивање на стратешко партнерство во полињата на социјално образование и социјална работа преку:

– Формирање на управувачка мрежа на партнери за интензивна кооперација од 8 различни земји и од комплементарни позадини (универзитети, истражувачки центри, асоцијации, НВО секторот, стручни тела, локални власти и сл.,) за размена на искуства и споделување на успешни практики, со цел да се совладаат повисоки нивоа на учење и искуства преку создавање на нова програма за работа.

– Интеграција и понатамошно тренирање на нови професионалци во областа на социјалната работа и социјалното образование.20121231-DSCN39111

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално