Повик за волонтери во Ц.С.И. Надеж

ПОМОГНЕТЕ ДА ПОМОГНЕМЕ

ДАЛИ БИ САКАЛЕ И ВИЕ ДА ИМ ПОМОГНЕТЕ НА РОМСКИТЕ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА?

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ КАКО ВОЛОНТЕР!

Ако сте заинтересирани за социјална работа и образовна работа со деца Роми, ако имате креативен ум со многу идеи за како да го направите детскиот ден посреќен или ако сакате да се стекнете со единствено искуство, тогаш Ц.С.И. Надеж е вистинското место каде можете да бидете волонтер!

Ц.С.И. Надеж нуди разновидни можности за вклучување на волонтери. Вашите сопствени интереси и способности го формираат волонтерското искуство. Една од можностите е вклучување на волонтерите во работата на нашиот Едукативен центар Надеж или Центарот за претшколска возраст, каде може да им помагате на децата со неформални образовни активности како и спортски и креативни програми, изведувате креативни работилници, играте друштвени игри, организирате активности на отворено како спортски натпревари и многу, многу повеќе.

Или ако сте повеќе заинтересирани да стекнете работно искуство во невладина организација, тогаш дојдете и поддржете не со вашите канцелариски вештини.

Волонтерите самите одбираат каков тип на активности и задачи ќе спроведуваат и колку често би сакале да ги остваруваат. Може да волонтирате еднаш недело или еднаш месечно па дури и секој ден доколку имате желба.

Децата ќе Ви бидат многу благодарни за Вашиот придонес. И запомнете ЗАБАВАТА е загарантирана!
Волонтирај и направи промена!

 
Ако сте заинтересирани, ве молиме контактирајте не на admin@csinadez.mk

Дали знаевте дека…

Ц.С.И. Надеж нуди разновидни можности за вклучување на волонтери.

    • Нашите социјални работници имаат поминато повеќе од 16 000 дена работа на терен.

  • Нашите вработени работат со Роми и други ранливи групи повеќе од 25 години.
    Приближно 7 постојани вработени, 8 хонорарци и волонтери се грижат и ги поддржуваат децата од нашиот Центар, даваат социјални и други услуги на деца, млади и стари лица.

  • Вкупно 60 деца секоја година се вклучени во различни едукативни, креативни, рекреативни и спортски активности. Секој септември подготвуваме и пакуваме повеќе од 60 училишни торби….

  • Сме НВО кое има посетители и волонтери од скоро секоја европска земја.

Нашата организација нуди различни можности за волонтирање за студенти и дипломци во областа на образованието, детската заштита и социјалната работа.

НЕКОИ ОД НАШИТЕ ВОЛОНТЕРИ

 
 

Ирина Некрашов

  “Важно е децата да имаат место каде што ќе можат да ја развиваат нивната креативност и да стекнат повеќе вештини. Ним им треба место каде што некој ќе им каже дека тие МОЖАТ да постигнат се што ќе посакаат – место каде нивниот глас ќе биде слушнат.“
 
 

Силвије Абдулова

“За мене е многу важно да помогнам на општеството кое ми помогнало мене. Јас бев дете на Ц.С.И. Надеж, и голем дел од успесите кои ги постигнав беа токму поради поддршката која ми ја дадоа овде кога бев на возраст на децата со кои денес работам.“
 
 

Кристиан Циерпка

  „Младинскиот центар на Ц.С.И. Надеж им дава на децата различни можности како да го користат нивното слободно време, но им нуди и работилници на кои ќе ги развиваат своите амбиции. Важно е да се има такво место во Шуто Оризари каде што едукаторите се грижат за децата и нивната домашна работа, но им даваат и дополнителна образовна и развојна поддршка.“
 
 

Лара Велер

  „Да се биде волонтер во Ц.С.И Надеж е како да си дел од големо семејство. Иако јас бев таа која им објаснуваше на децата математика и англиски, мислам дека најмногу научив од нив. Навистина сум благодарна што имав можност да се запознаам со сите и што бев дел од работата на НАДЕЖ една година“
 

Ангела Тодосова

„За мене практиканството во ЦСИ Надеж претставува еден голем хуман гест. Како  личност која од секогаш сака деца, и да се помогне на тие деца, тука работам со полна енергија, желба и среќа. Овој центар за Шуто Оризари е од исклучителна важност. Се надевам дека успеав да им го пружам моето знаење и мојата помош, преку игра, работилници, учење, пишување домашни…Морам да признаам дека и јас научив многу од нив, за животот. Беше ова едно мое големо задоволство.“.