Организациската поставеност на Центарот за социјални иницијативи НАДЕЖ е согласно Статутот на Центарот, а негови органи се Собрание, Управен одбор и Надзорен одбор.
Собрание
Највисок орган на Ц.С.И Надеж, составен од сите членови. Собранието избира членови на Управниот одбор, како и претседател на овој орган со мандат од 4 години. Собранието ги поставува насоките за сите политики на организацијата и ги усвојува годишните финансиски планови и извештаи.
Претседател
Претседателот е задолжен за претставување и застапување на организацијата на надворешни средби и во целокупниот правен промет со трети лица. Претседател на Ц.С.И Надеж е г-ѓа Марина Бојанова.
Управен одбор
Управниот одбор на Ц.С.И Надеж е составен од пет члена. Управниот одбор ги спроведува заедничките политики и ставови утврдени од Собранието, одлучува за стекнување и располагање со средствата на организацијата и е одговорен за спроведување на сите проектни активности на организацијата.
Претседател на Управниот одбор на Ц.С.И Надеж е г-ѓа Весна Бојаџиска.
Членови на Управниот одбор на Ц.С.И Надеж се:
- Весна Бојаџиска
- Татјана Димитрова
- Афродита Раевска
- Сунчица Димитријоска
- Ангел Димитриевски
Надзорен одбор
Надзорниот одбор на Ц.С.И Надеж е составен од три члена. Одборот го следи спроведувањето на Статутот и програмата, се грижи за работата и имотот на Организацијата и други работи на начин утврден со Статутот.
Членови на Надзорниот одбор на Ц.С.И Надеж се :
- Тинка Китевска
- Александра Ефремовска
- Јовица Димитријевски