Здружението Ц.С.И. Надеж е невладина организација основана на 28.08.1997 на иницијатива на вработените во проектот „Програма за реинтеграција на Роми“ имплементирана од Каритасвербанд фур дас Бистум Есен е.В. Германија. Најголемата мотивација за основање на организацијата беше посветеноста на нејзините членови за да помогнат на луѓето кои имаа потреба од помош. Тие имаа можност да се стекнат со искуство на неколку полиња на социјалната работа, образовниот процес и социјалните промени и во Македонија и во странство, преку работа на проекти предводени од Каритасвербанд фур дас Бистум Есен е.В. Германија.