Барање за прибирање понуди за изработка на четири видеа

20 Авг Барање за прибирање понуди за изработка на четири видеа

Почитувани,

Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, го спроведува проектот “Обезбедување дополнителни квалификации за жените Ромки и поставување основа за нивниот ангажман во социјалното претпријатие – салон за убавина во Шуто Оризари”, кој се реализира со поддршка на Асоцијација за здравствена едукација и истражување –ХЕРА, а е финансиран од Европската комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 што дава поддршка за граѓанските организации во рамки на Акциониот план на инструментот за поддршка на граѓанското општество 2016-2017 и е ослободен од данокот на додадена вредност.Во рамки на овој проект се предвидени активности со цел промовирање нa салон за убавина и мобилен тим за фризерски/шминкерски/манкирски услуги, како и зголемување на видливоста на ефектите од самиот проект, преку продукција на четири промотивни видеа. Предвидено е снимање на четири видеа и нивна постпродукција. Надоместокот за ангажираното лице е во бруто износ од 60,000 мкд.

Инструкции за понудувачите

  1. Договорен орган

Договорен орган е Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, со адреса на ул. „Гвадалахара бр.20, 1000 Скопје., тел.022650-644

Лице за контакт кај договорниот орган е Катерина Смилева тел..070236428,  електронска адреса admin@csinadez.mk

  1. Предмет на договорите за набавка

Предмет на договорот за набавка е изработка, снимање и постпродукција на четири промотивни видеа.

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.

  1. Начин на испорака/ извршување на услугата

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на поштенската адреса ул. „Гвадалахара бр.20, 1000 Скопје или по електронски пат на admin@csinadez.mk

  1. Рок на испорака/ за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот до 30.11.2019 година.

  1. Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт.

  1. Право на учество

Право на учество има физичко лице – кое е видеографер, видео-монтажер и 2Д аниматор (се од наведеното), кое има/ло ангажман во видео-продукција и има минимум тригодишно искуство во областа. Лицето треба да работи со ДСЛР камера.

  1. 7. Изготвување и поднесување на понудите

7.1. Елементи на понудата

Секоја понуда треба да е составена од следниве елементи:

  • Идеја за сценарио за секое од видеата
  • Професионална биографија
  • Линкови од видеа на кое лицето работело

7.2. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.

7.3. Период на важност на понудата

Периодот на важност на секоја понуда ќе изнесува 90 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/ на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.

7.4. Начин наподнесување на понудите

7.4.1. Поднесување во печатена верзија во затворено плико (лично или по пошта)

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен плик кој:

  • е адресиран на точната адреса на договорниот орган,
  • во горниот лев агол стои ознака „НЕ ОТВОРАЈ“
НЕ ОТВОРАЈ“За оглас: Барање за прибирање понуди за изработка на четири промотивни видеаЗдружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ

ул. „Гвадалахара бр.20,
1000 Скопје

 

7.4.2 Поднесување по електронски пат

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со потпис од одговорното лице, а се доставуваат на admin@csinadez.mk со назнака/предмет: Барање за прибирање понуди за изработка на четири промотивни видеа

7.5 Краен рок и место за поднесување на понудите

  • Краен рок за поднесување на понудите е 31.08.2019, до 16.00 часот.

Понудите се поднесуваат електронски на admin@csinadez.mk или во печатена верзија во затворено плико (лично или по пошта),  на Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, aдреса ул. Гвадалахара бр.20, 1000 Скопје.

7.6. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, нема да биде примена.

  1. 8. Информации од доверлив карактер

8.1. Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде што по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи.

8.2. Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.

  1. 9. Известување за доделување на договорот/ите за набавка

9.1. Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од тендерот, односно за одлуката кој е најповолниот понудувач, како и за причините за неизбор на нивната понуда.

  1. 10. Технички спецификации

Видео 1: За промоција на мобилни тимови кои ќе даваат фризерски, шминкерски и маникирски услуги по домови на клиенти. Потребно е во видеото да биде прикажана опремата на тимовите, начинот на коj тие ќе функционираат и услугите кои ќе ги нудат. Да биде нагласено дека ќе им бидат на располагање на лица кои се физички спречени да посетат салон за убавина, како и на стари и изнемоштени лица. Времетрање: 60-80 секунди.

Видео 2: Претставување на услугите кои ќе ги нуди салонот. Ова видео треба да биде анимирано видео со претставување на услугите кои ги нуди салонот на креативен начин. Времетрање: 20-40 секунди.

Видео 3: Реклама за салонот. Динамично видео во кое ќе се претстави салонот и неговата работа, на начин што ќе биде соодветен за промоција на социјалните медиуми. Времетрање: 30-50 секунди

Видео 4: Тестемонијал видео во кое учесниците на обуката ќе го споделат своето искуство и придобивките од овој проект. Да биде покриено со кадри од нивната обука и практичната работа во салонот. Времетраење: 3–4 минути.

Напомена: Сите видеа треба да бидат снимани со ДСЛР камера во следниот формат и со следните карактеристики:

Full-HD video

Resolution: 1920×1080

Aspect ratio: 16:9

Format: .mp4

Audio format: AAC

Sample rate: 48000 Hz

Audio channels: stereo

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално