Форми, бои и подготовка за прво одделение

11 мар Форми, бои и подготовка за прво одделение

Овој месец со дечињата во Центарот за претшколска возраст во Ц.С.И. Надеж работиме на разбирање на концептите форма и боја. Низ разни креативни вежби се обидуваме да им ја доловиме различноста на геометриските форми и нивните имиња. Зборувавме и за боите кои ги среќаваме во нашата околина.
Од друга страна, со родителите на нашите идни првоодделенци одржавме состанок на кој нашите едукатори Јовица и Александра им објаснија која е процедурата за запишување во прво одделение, колку дечињата треба да бидат подготвени за тргнување во прво одделение како и што дечињата ќе изучуваат штом ќе тргнат на училиште. Се зборуваше за големото внимание кое ќе им биде потребно на децата за успешно да ја совладаат Кембриџ програмата за основно образование и како помошта дома од родителите ќе им биде неопходна.

Нема Коментари

Испратете коментар