Тренинзи и обуки за вработените во Ц.С.И. Надеж

trening-jovica-amsterdam

29 јун Тренинзи и обуки за вработените во Ц.С.И. Надеж

Во изминатиот период Ц.С.И. Надеж, преку нашите партнерски организации и соработници доби можност да испрати свои претставници на тренинзи за дообучување и информирање за теми од интерес за организацијата и од корист за дејноста со која се занимаваме како и од корист за нашата целна група.

Така, благодарение на фондацијата Чекор по чекор, во периодот од 8-ми до 10-ти јуни, нашиот едукатор Јовица Димитријевски присуствуваше на обука на тема“Креирање на можности за успех – Повеќејазични средини за учење за ромските деца” (“Creating opportunities for success – Multilingual learning environments for Romani children”), во градот Леиден, Холандија.

Како главни точки на обуката беа земени:

  • Развој на јазичните компетенции кај децата
  • Ромскиот јазик и дијалектите кои што се употребуваат
  • Средина која промовира развој на јазичните компетенции (промовирање на игра и промовирање на интеракција)
  • Јазик, култура и идентитет
  • Развој на писменоста
  • Дидактички материјали
  • Работа со слики
  • Градење на мостови – учество на ромските семејства
  • Учење на ромскиот јазик во основите училишта и во предучилишните установи

Во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., нашата едукаторка Соња Младеновска и нашата социјална работничка Станика Глигорова присуствуваа на обука за застапување кај спогодбените тела на обединетите нации, каде што преку работилница се стекнаа со знаења и техники од оваа област, вклучително и:

  • Што се спогодбените тела на ОН за мониторинг, улогата на телата за мониторинг
  • Каков е циклусот на известување и процесот на националната проценка што го вршат спогодбените тела за мониторинг
  • Каде и кога активистите и НВО-ата можат да учествуваат во процесот
  • Каков е статусот на известување на Македонија, кон кој телата за мониторинг можат да поднесуваат писмо за намери и извештај во сенка во 2015 и 2016 год
  • Какви се меѓународното право за човекови права и механизмите што се најрелевантни за СРЗП
  • Кои се обврските на државите според меѓународното право за човекови права во контекст на СРЗП

trening-stanika-i-sonja

Нема Коментари

Испратете коментар