Проект “Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование”

01 фев Проект “Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование”

ЦСИ НАДЕЖ започна со реализација на проектот “Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование” кој има за цел поттикнување на подобра образовна интеграција на учениците со низок социо-економски статус во заедницата и подигнување на свеста  помеѓу локалните чинители за потребата од преземање акција за надминување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовниот и личен развој на учениците. Ова е двегодишен проект (јануари 2021-декември 2020 година), ре-грант од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор , а финансиран од Европската Комисија.

 

Проектот ги опфаќа следните активности:

  1. Активности за зајакнување на капацитетите на ЦСИ НАДЕЖ за поддршка на учениците со низок социо-економски статус и за работа на образовни прашања во заедницата и пошироко;
  2. Активности за намалување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовните постигнувања на учениците;
  3. Активности за инволвирање на самите ученици и семејствата во процесот на изнаоѓање решенија за подобрување на нивната свест и разбирање за потребата од преземање акции за намалување на последиците од нискиот социо-економски статус врз образовниот и личен развој;
  4. Активности за зајакнување на разбирањето и сопствената свест на учениците да ги разберат и практикуваат вредностите за да им помогнат на оние кои се погодени од сиромаштија;
  5. Активности за запознавање на пошироката јавност на национално ниво за влијанието на сиромаштијата врз развојот на учениците и нивната благосостојба.

 

Донатор: Европска Комисија

Целни групи:

– 600 ученици од 5-9 одд. од пилот училиштето  “Браќа Рамиз-Хамид”, Шуто Оризари, со акцент на учениците со низок социо-економски статус, како и ученици од 4 други училишта кои ќе се утврдат во соработка со ЧпЧ:

– Семејства со низок социо-економски статус чии деца се целна група на проектот;

– Наставници, стручната служба и раководството во ОУ “Браќа Рамиз-Хамид”, Шуто Оризари и други четири училишта утврдени во соработка со ЧпЧ;

– Локални чинители(претставници на локалните власти, НВО секторот)

– Пошироката јавност на национално ниво.

 

Времетраење: јануари 2021-декември 2022

Нема Коментари

Испратете коментар