Посети и подготовки за идните првачиња во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“

11 Мај Посети и подготовки за идните првачиња во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“

Неодамна бевме посетени од работен тим на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, составен од нивниот педагог Емилија Петрушевска, психологот Оливера Петрушевска и две едукаторки. Тие на родителите на идните првачиња од нашиот Центар за деца на претшколска возраст им ја објаснија постапката за упис во прво одделение и им раскажаа за условите во училиштето вклучително и за новите училници во кои ќе бидат сместени првоодделенците, кои се речиси подготвени за новата учебна година.

Инаку, како што дознавме, сите организации кои во моментот под финансиска закрила на Чекор по чекор фондацијата се во можност да го спроведат проектот „Подобро родителство за подобар успех на ромските деца“ добија посебни термини во кои ќе ги запишат дечињата од нивната организација во прво одделение.

Минатиот петок го посетивме училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“, каде што директорката Ѓулсефа Куртеши ни покажа каде дечињата ќе учат, не запозна со дел од вработените како и едукаторите кои ќе бидат задолжени за новата генерација првоодделенци. На крај ни даде лижавчиња и не испрати со желба за повторно видување.

На средбата со тимот од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“, родителите поставија прашања во однос на материјалот кој ќе се изучува во прво одделение и покажаа загриженост за обемноста на истиот. Ц.С.И. Надеж ќе се залага за овозможување понатамошна поддршка на овие дечиња преку проекти кои би овозможиле образовна помош преку креативно организирана програма.

poseta-uciliste-1

poseta-uciliste2

poseta-uciliste-3

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално