Повик за волонтери во Ц.С.И. Надеж

ПОМОГНЕТЕ ДА ПОМОГНЕМЕ

ДАЛИ БИ САКАЛЕ И ВИЕ ДА ИМ ПОМОГНЕТЕ НА РОМСКИТЕ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА?

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ КАКО ВОЛОНТЕР!

Ако сте заинтересирани за социјална работа и образовна работа со деца Роми, ако имате креативен ум со многу идеи за како да го направите детскиот ден посреќен или ако сакате да се стекнете со единствено искуство, тогаш Ц.С.И. Надеж е вистинското место каде можете да бидете волонтер!

Ц.С.И. Надеж нуди разновидни можности за вклучување на волонтери. Вашите сопствени интереси и способности го формираат волонтерското искуство. Една од можностите е вклучување на волонтерите во работата на нашиот Едукативен центар Надеж или Центарот за претшколска возраст, каде може да им помагате на децата со неформални образовни активности како и спортски и креативни програми, изведувате креативни работилници, играте друштвени игри, организирате активности на отворено како спортски натпревари и многу, многу повеќе.

Или ако сте повеќе заинтересирани да стекнете работно искуство во невладина организација, тогаш дојдете и поддржете не со вашите канцелариски вештини.

Волонтерите самите одбираат каков тип на активности и задачи ќе спроведуваат и колку често би сакале да ги остваруваат. Може да волонтирате еднаш недело или еднаш месечно па дури и секој ден доколку имате желба.

Децата ќе Ви бидат многу благодарни за Вашиот придонес. И запомнете ЗАБАВАТА е загарантирана!
Волонтирај и направи промена!

 
Ако сте заинтересирани, ве молиме контактирајте не на admin@csinadez.mk

Дали знаевте дека…

Ц.С.И. Надеж нуди разновидни можности за вклучување на волонтери.

    • Нашите социјални работници имаат поминато повеќе од 15 000 дена работа на терен.
    • Ние помагаме во амбуланти, болници и други здраствени установи и два пати во годината даваме хуманитарна помош на повеќе од 500 семејства.

  • Нашите вработени работат со Роми и други ранливи групи повеќе од 15 години.
    Приближно 9 постојани вработени, 8 хонорарци и волонтери се грижат и ги поддржуваат децата од нашиот Центар, даваат социјални и други услуги на деца, млади и стари лица.

  • Рачно пакуваме повеќе од 300 училишни чанти секој август за да им овозможиме на нашите деца да ги имаат основните училишни материјали
    Првиот Младински центар во Македонија беше отворен во просториите на Ц.С.И. Надеж.

  • Сме НВО кое има посетители и волонтери од скоро секоја европска земја
    На нашиот главен проект ‘‘Образование преку улична социјална работа‘‘ работиме од 2005г., поддржувајќи една цела генерација деца овозможувајќи им да одат во основно училиште.

Нашата организација нуди различни можности за волонтирање за студенти и дипломци во областа на образованието, детската заштита и социјалната работа.

НЕКОИ ОД НАШИТЕ ВОЛОНТЕРИ

3ec81523-b08a-477c-bd5a-53c0458642de_irina 2015
Ирина Некрашов

“Важно е децата да имаат место каде што ќе можат да ја развиваат нивната креативност и да стекнат повеќе вештини. Ним им треба место каде што некој ќе им каже дека тие МОЖАТ да постигнат се што ќе посакаат – место каде нивниот глас ќе биде слушнат.“

0f632c10-9607-4d02-89fc-4ebddf292da8_selvija
Силвије Абдулова

“За мене е многу важно да помогнам на општеството кое ми помогнало мене. Јас бев дете на Ц.С.И. Надеж, и голем дел од успесите кои ги постигнав беа токму поради поддршката која ми ја дадоа овде кога бев на возраст на децата со кои денес работам.“

c50eafb1-d552-482d-99bd-2a44652c9b6d_kristijan
Кристијан Циерпка

„Младинскиот центар на Ц.С.И. Надеж им дава на децата различни можности како да го користат нивното слободно време, но им нуди и работилници на кои ќе ги развиваат своите амбиции. Важно е да се има такво место во Шуто Оризари каде што едукаторите се грижат за децата и нивната домашна работа, но им даваат и дополнителна образовна и развојна поддршка.“