Мајски активности при центарот за претшколска возраст на Надеж

DSCN4160 - Copy

02 јун Мајски активности при центарот за претшколска возраст на Надеж

Како и секој месец, и месецот мај не помина без креативна работилница за родители и деца во Центарот за претшколска возраст при Ц.С.И. Надеж. Овој пат дечињата и родителите изработуваа музички инсрументи „тропалки“ од чашки и разни зрнести претметчиња кои произведуваат различен звук. Користевме стиропор, камчиња, леќа и жито. Родителите и децата се забавуваа, а кон крајот на работилницата, нашата училница стана вистинско музичко катче.
Кон крајот на мај едукаторите Јовица и Александра одржаа обука за подобро родителство, по програмата на Чекор по чекор, на која што се разработуваа добри начини како да се критикуваат и фалат децата, без да бидат разгалени или да се чуствуваат безвредно. Повеќе родители на дечињата од центарот за претшколска возраст присуствуваа на оваа обука и беа задоволни од наученото.

Погледнете ги фотографиите од овие настани на овој линк.

Нема Коментари

Испратете коментар