Кратка Историја

Здружението Ц.С.И. Надеж е невладина организација основана на 29.08.1997 на иницијатива на вработените во проектот „Програма за реинтеграција на Роми“ имплементирана од Каритасвербанд фур дас Бистум Есен е.В. Германија. Најголемата мотивација за основање на организацијата беше посветеноста на нејзините членови за да помогнат на луѓето кои имаа потреба од помош. Тие имаа можност да се стекнат со искуство на неколку полиња на социјалната работа, образовниот процес и социјалните промени и во Македонија и во странство, преку работа на проекти предводени од Каритасвербанд фур дас Бистум Есен е.В. Германија.

history_nadez1

Членовите на Ц.С.И. НАДЕЖ работеа на повеќе области, реализирајќи проекти и тоа:

  • поддршка на НВО-и и иницијативни одбори од малцинските групи (претежно Ромски), преку организирање на семинари и работилници
  • основање на информативен центар за социјално-правни прашања и две студиски средби во Германија
  • поддршка на човекови права и меѓуетничка соработка преку јакнење на локалната власт во РМ, Хрватска и Босна
  • поделба на хуманитарна помош, организирање на разни стручни работилници, курсеви и организирање на слободното време на бегалците од Косово
  • одржување на креативни, здравствени, едукативни работилници, како за децата, младите, така и возрасната популација
  • вклучување преку ЕРЗО мрежата за доброволни повратници – едукација за советници при процесот на реинтеграција во Македонија
  • поддршка во образованието преку стипендирање на Роми средношколци.
  • учество на разни конференции, работилници и семинари, како во земјата така и надвор од неа
  • Ц.С.И. НАДЕЖ доби 4 годишна поддршка од ЦИМ експерт за организациски развој

Стекнатото искуство на полето на поддршка на ранливите групи и потребата за понатамошна ангажираност за истата, беше голем поттик за организацијата да продолжи да го применува и развива, работејќи на повеќе проекти преку кои и стана препознатлива.

Од 1998 год. па наваму, Ц.С.И. НАДЕЖ работеше активно на полето на поддршка на ранливите групи преку проекти:

  • за поддршка во образованието на деца и млади
  • поддршка во интеграција на девојки преку овозможување пристап до образование и понуда на активности за исполнување на слободното време
  • жените (Ромки и Албанки), исто така беа опфатени со поддршка за да ја подобрат својата социјална и економска состојба преку развој на долгорочни механизми за самопомош
  • работа со деца бегалци од Косово, преку унапредување на комуникацијата, креативноста и нивниот потенцијал заедно со нивните соседи врсници од Шуто Оризари и локална интеграција во општеството
  • поддршка и помош на едукативниот процес, социјална интеграција на децата и младите и поддршка на мултиетничка димензија меѓу различни националности во рамките на заедницата
  • собирање и дистрибуција на храна и облека на лица на кои им е потребна, ширејќи ги начелата на взаемност, хуманост и солидарност
  • преку хуманитарна помош, составена од облека, обувки, храна, детски играчки, школски материјали и материјали за разни креативни активности
  • образование преку улична социјална работа со цел да се зголеми бројот на ромски деца кои ќе го завршат основното образование и успешно ќе продолжат да градат личен напредок, како и напредок на самото општество
  • реинтеграцијата на лица доброволни повратници од Холандија, преку обезбедување на помош и поддршка, за нивно поуспешно интегрирање во општествените процеси.