Конкурс за работно место Едукатор

25 авг Конкурс за работно место Едукатор

Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ
ул.Гвадалахара бр. 20 Шуто Оризари Скопје тел.02 2 650 644 / 02 2600 393
www.csinadez.mk admin@csinadez.mk

За потребите на проектот „Roma Empowerment and Awareness for Democracy through Education“ објавува конкурс за едукатор на определено време.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови
• Завршено високо образование ( Филозофски факултет-Институт за педагогија или Педагошки факултет)
• Способност за индивидуална и тимска работа;
• Способност за навремено извршување на работите и работа на повеќе работи паралелно;
• Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини;
• Лојалност, одговорност, флексибилност, темелност, креативност;
• Иницијативен пристап и способност за давање на резултати во динамична средина
• Позитивен став кон работата.
• Пожелно е добро познавање на англиски јазик (говорен и пишан)

Работни задачи
• Работа со деца од училишна возраст од 1во до 7мо одделение ;
• Помош при пишување на домашна работа;
• Совладување на училишните потешкотии;
• Следење на развојот и успехот на децата;
• Одржување на работилници од педагошки, социјален и психолошки карактер важен за развојот на децата од школската возраст во соработка со странски и домашни волонтери и практиканти;
• Соработка со родителите;
• Реализирање на еднодневни ескурзии (формирање на групи и придружба на децата)

Наша понуда
• Динамична работна средина
• Можност за обуки

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат повикани на разговор по кој ќе се направи крајниот избор
Апликациите да се достават преку електронска пошта на следнава адреса admin@csinadez.mk со назнака – за оглас за едукатор

Краен рок за аплицирање е 29.08.2016 година- до 15:00 часот

Потребни документи :
• Мотивациско писмо, кратка биографија (CV) и копија од уверение за потврда на завршено образование

Нема Коментари

Испратете коментар