Соопштение за работењето на родителските средби

12242952_903489803081000_1045330664_o

12 ное Соопштение за работењето на родителските средби

Во месец ноември социјалниот работник во соработка со едукаторите   организираа  родителски средби. Беа организирани 3 родителски средби на 03.11., 05.11. и на 11.11.2015 година . На секоја средба присуствуваа по седум родители. Целта на средбите е  да се запознаат родителите со недостатоците на своите децата во врска со образовниот процес, за да можат и тие дома секој според своите можности да му помогне на своето дете да научи она што не успеало да научи.  Оние пак што немаат проблеми со учењето, да се пофалат и да се стимулираат да продолжат редовно да го посетуваат центарот, да учат и да постигнуваат уште подобри резултати.

Со секој родител се разговара поединечно и им се укажува за поведението и дисциплината во центарот, за успехот на децата во училиште и како ние заеднички да им помогнеме на децата да го подобрат својот успех. По завршување на родителските средби на родителите им даваме хуманитарна помош во користена облека, добиена од Кобленц- Германија.

12214210_903488873081093_832500625_o 12236635_903488939747753_678346205_o 12250556_903489026414411_146859730_o 12242816_903488809747766_2141034986_o 12242703_903488949747752_1629985328_o 12242952_903489803081000_1045330664_o 12227979_903489769747670_2059206137_o

Нема Коментари

Испратете коментар