Прослава на Ден на Ромите со американскиот амбасадор

DSC_0052

08 апр Прослава на Ден на Ромите со американскиот амбасадор

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Л. Бејли го одбележа Меѓународниот ден на Ромите заедно со децата, родителите и тимовите од центрите: „Ц.С.И. Надеж“, „Дендо Вас“, и „Амбрела“ во Шуто Оризари. Амбасадорот беше дел од активноста „Читањето и математиката се забавни“ организирана од Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ каде читаше сликовници со најмладите ученици и се запозна со едукаторите, волонтерите и раководните тимови од трите центри. За време на овој настан кој се одржа во просториите на центарот „Надеж“, и актерката Емра Куртишова читаше сликовници со децата, а достапна беше и „Библиотеката на тркала“, патувачка библиотека на Проектот „Со читање до лидерство“ која ги понуди своите ресурси: сликовници, аудио книги и математички игри.

Нема Коментари

Испратете коментар