Благодарност до Амбасадата на Швајцарија за поддршка на проектот „ПОДОБРО РОДИТЕЛСТВО ЗА ПОДОБАР УСПЕХ НА РОМСКИТЕ ДЕЦА“

swissembassysupportNadez

12 ное Благодарност до Амбасадата на Швајцарија за поддршка на проектот „ПОДОБРО РОДИТЕЛСТВО ЗА ПОДОБАР УСПЕХ НА РОМСКИТЕ ДЕЦА“

Членовите и вработените во ЦСИ НАДЕЖ сакаат да искажат благодарност до Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија за нејзината одлука да продолжи да го поддржува проектот „ПОДОБРО РОДИТЕЛСТВО ЗА ПОДОБАР УСПЕХ НА РОМСКИТЕ ДЕЦА“, во траење од септември до декември оваа година.

Целта на овој проект е да им помогне на четириесетте деца на возраст од 5 години, кои доаѓаат од социјално загрозени семејства или се деца на самохрани родители. Надеж има за цел во децата да влее комуникациски и интерактивни вештини во нивната претшколска возраст, за подоцна да го завршат основното образование со добар успех.

Поддршката од Амбасадата на Швајцарија и помага на нашата организација да посвети време и внимание на децата кои се на прагот на формалното образование. Проектот им помага на четириесетте деца, како и на нивните родители, да стекнат емотивен, когнитивен и социјален развој.

Нашите надежи се дека поддршката од Амбасадата на Швајцарија ќе продолжи во наредниот период за да можеме да го поддржиме образовниот развој на децата и да поттикнеме конструктивна промена во општина Шуто Оризари.

DSCN5725

Нема Коментари

Испратете коментар