Барање за прибирање понуди за обучувачи за фризери, шминкери и маникир

03 Јун Барање за прибирање понуди за обучувачи за фризери, шминкери и маникир

Почитувани,

Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, го спроведува проектот “Обезбедување дополнителни квалификации за жените Ромки и поставување основа за нивниот ангажман во социјалното претпријатие – салон за убавина во Шуто Оризари”, кој се реализира со поддршка на Асоцијација за здравствена едукација и истражување –ХЕРА, а е финансиран од Европската комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 што дава поддршка за граѓанските организации во рамки на Акциониот план на инструментот за поддршка на граѓанското општество 2016-2017 и е ослободен од данокот на додадена вредност. Во рамки на овој проект се предвидени три двомесечни обуки за:

-Фризери

-Шминкери

-Маникир

Ц.С.И. Надеж бара сопственик на салон за убавина регистриран во дејноста, кој поседува мајсторска диплома за стручна квалификација мајстор фризер, со која може да држи обуки и да издава соодветен сертификат. Овој сопственик на салон треба да обезбеди соодветни лица за реализирање на трите обуки од горенаведените области и сертификати за обуките поткрепени со печат на неговиот салон. Надоместокот за секој од обучувачите е во бруто износ од 30,000 мкд.


Инструкции за понудувачите

  1. Договорен орган

Договорен орган е Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, со адреса на ул. „Гвадалахара бр.20, 1000 Скопје., тел.022650-644

Лице за контакт кај договорниот орган е Татјана Димитрова тел.022650644,  електронска адреса admin@csinadez.mk

  1. Предмет на договорите за набавка

Предмет на договорот е обезбедување на обучувачи за: фризери, шминкери, маникир.

Обука 1: Двомесечна обука за фризери кои имаат основа во областа. Обучувачот треба да реализира вкупно 32 часа активна обука.

 

Обука 2: Двомесечна обука за шминкери. Обучувачот треба да реализира вкупно 32 часа активна обука.

 

Обука 3: Двомесечна обука за маникир. Обучувачот треба да реализира вкупно 32 часа активна обука.

 

По завршувањето на обуките, лицата треба да бидат способни самостојно да работат во соодветната област. Обуката ќе се реализира во салон за убавина во Шуто Оризари, комплетно опремен за целите на проектот.

  1. Начин на испорака/ извршување на услугата

Обучувачите се должни да ги спроведат обуките во салонот кој ќе биде опремен во рамки на овој проект, а се наоѓа во општина Шуто Оризари. Секоја обука е со времетраење од вкупно 32 часа. Групите на учесници за секоја од обуките ќе брои 3-4 лица. Распоредот за обуките ќе биде договорен дополнително во консултација со обучувачите и учесниците на обуките.

  1. Рок на испорака/ за извршување на услугата

Обучувачите се должни да ги одржат обуките во периодот 01.08.2019-30.09.2019 година.

  1. Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по завршување на обуките.

  1. Право на учество

6.1.Право на учество има лице кое е сопственик на салон за убавина, поседува мајсторска диплома и има претходно искуство во одржување обуки во областа, а кое ќе обезбеди обучувачи за трите области-фризер, шминкер, маникир. Еден од обучувачите може да биде тој лично.

6.2. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорите.

  1. 7. Изготвување и поднесување на понудите

7.1 Елементи на понудата/ите

Секоја понуда треба да е составена од следниве елементи:

  • Копија од мајсторска диплома на сопственикот на салонот
  • Копија од документ со кој ќе се потврди регистрирана дејност на салонот (Копија од Тековна состојба од Централен регистер)
  • Табела со лица кои ќе ја држат секоја од трите обуки и наведено релевантно претходно искуство во областа на секое од лицата

7.2. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.

7.3. Период на важност на понудата/ите

Периодот на важност на секоја понуда ќе изнесува 90 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/ на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.

7.4. Начин на поднесување на понудите

7.4.1. Поднесување во печатена верзија во затворено плико (лично или по пошта)

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен плик кој:

  • е адресиран на точната адреса на договорниот орган,
  • во горниот лев агол стои ознака „НЕ ОТВОРАЈ“
НЕ ОТВОРАЈ“За оглас: Барање за прибирање понуди за обучувачи за фризери, шминкери и маникирЗдружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ

ул. „Гвадалахара бр.20,
1000 Скопје

 

7.4.2 Поднесување по електронски пат

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице, а се доставуваат на admin@csinadez.mk со назнака/предмет: Барање за прибирање понуди за обучувачи за фризери, шминкери и маникир

7.5 Краен рок и место за поднесување на понудите

  • Краен рок за поднесување на понудите е 25.06.2019, до 16.00 часот.

Понудите се поднесуваат електронски на admin@csinadez.mk или во печатена верзија во затворено плико (лично или по пошта),  на Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, aдреса ул. Гвадалахара бр.20, 1000 Скопје.

7.6. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, нема да биде примена.

  1. 8. Информации од доверлив карактер

8.1. Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде што по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи.

8.2. Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.

  1. 9. Известување за доделување на договорот/ите за набавка

9.1. Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од тендерот, односно за одлуката кој е најповолниот понудувач, како и за причините за неизбор на нивната понуда.

Нема Коментари

За жал, формуларот за коментари не е достапен моментално