БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ФРИЗЕРСКИ УСЛУГИ

logo nadez

03 јун БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ФРИЗЕРСКИ УСЛУГИ

Почитувани,

Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, во рамки на проектот “Обезбедување дополнителни квалификации за жените Ромки и поставување основа за нивниот ангажман во социјалното претпријатие – салон за убавина во Шуто Оризари”, кој се реализира со поддршка на Асоцијација за здравствена едукација и истражување –ХЕРА, а е финансиран од Европската комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 што дава поддршка за граѓанските организации во рамки на Акциониот план на инструментот за поддршка на граѓанското општество 2016-2017 и е ослободен од данокот на додадена вредност, има за цел набавка на потрошен материјал за фризерски услуги за салон за убавина во Општина Шуто Оризари.


Инструкции за понудувачите

  1. Договорен орган

Договорен орган е Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, со адреса на ул. „Гвадалахара бр.20, 1000 Скопје., тел.022650-644

Лице за контакт кај договорниот орган е Татјана Димитрова тел.022650644,  електронска адреса admin@csinadez.mk

  1. Предмет на договорите за набавка

Предмет на договорот за набавка е набавка на потрошен материјал за фризерски услуги за салон за убавина во Општина Шуто Оризари.

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.

  1. Начин на испорака/ извршување на услугата

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на поштенската адреса ул. „Гвадалахара бр.20, 1000 Скопје.

  1. Рок на испорака/ за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во две етапи-првата до 01.07.2019 година, и втората до 31.08.2019 година.

  1. Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши во две етапи (првата до 01.07.2019, и втората до 31.08.2019), по доставување на профактурите од страна на понудувачот.

  1. Право на учество

6.1. Право да достави понуда има секое заинтересирано правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.

6.2. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорите.

  1. 7. Изготвување и поднесување на понудите

7.1 Понудата/ите се изготвува/ат во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма или печатена форма, со користење на форматот даден во точка 12.Техничка спецификација.

7.2. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.

7.3. Период на важност на понудата/ите

Периодот на важност на секоја понуда ќе изнесува 90 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/ на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.

7.4. Цена на понудата

Цената на понудата се пишува со бројки и букви.

7.5. Валута на понудата

Цената на понудата се изразува во денари.

  1. 8. Затворање и обележување на понудите

8.1. Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен плик кој:

  • е адресиран на точната адреса на договорниот орган,
  • во горниот лев агол стои ознака „НЕ ОТВОРАЈ“

 

НЕ ОТВОРАЈ

За оглас: Барање за набавка на потрошен материјал за фризерски услуги

Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ

ул. „Гвадалахара бр.20,
1000 Скопје

8.2 Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице, а се доставуваат на admin@csinadez.mk со назнака/предмет: За барање за набавка на потрошен материјал за фризерски услуги.

8.3 Краен рок и место за поднесување на понудите

  • Краен рок за поднесување на понудите е 21.06.2019, до 16.00 часот.

Понудите се поднесуваат електронски на admin@csinadez.mk или во печатена верзија во затворено плико (лично или по пошта),  на Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, aдреса ул. Гвадалахара бр.20, 1000 Скопје.

8.4. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, нема да биде примена.

  1. 9. Критериум за доделување на договорот/ите

9.1 Критериум за доделување на договорот за набавка е економската поволност на понудата.

За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.

9.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда за набавка на потрошен материјал за фризерски услуги  ќе се земат:

  • цената                                                   60 бодови
  • квалитет на производ                          40 бодови
  1. 10. Информации од доверлив карактер

10.1. Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде што по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи.

10.2. Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.

10.3. Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.

  1. 11. Известување за доделување на договорот/ите за набавка

11.1. Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од тендерот, односно за одлуката кој е најповолниот понудувач, како и за причините за неизбор на нивната понуда.

  1. 12. Технички спецификации
Ред. број  

Опис на артикал

Единица мерка Количина Единечна цена без ДДВ Вкупна цена без ДДВ
1. Фарби за коса 100мл. парче 35
2. Хидроген 3%,6%,9%,12%

Канта 3,5л

парче 4
3. Бланж  0,5kg. парче 3
4. Шампон , канта 10l. парче 1
5. Регенератор, 1l парче 10
6. Шампон , 1,5l со пумпица парче 1
7. Канче за фарбање пластично парче 5
8. Четки за фарбање, 3 вел. парче 6
9. Штипки за коса пластични сет од 24 сет 1
10. Лак за коса, 750ml парче 5
11. Шноли  кутија 500 гр. парче 1
12. Укосници кутија 500гр. парче 1
13. Марамици за отстранување фарба, кутија 100 парчиња парче 1
14. Средство за расчешлување, 300ml парче 10
15. Фолија за шатирање, 100 м парче 2
16. Ракавици, кутија 100 парчиња парче 1
17. Ампули за коса, кутија 12 парчиња парче 6
18. Серум за коса парче 3
19. Пумпица за вода пластична парче 4
20. Восок за коса, 125ml. парче 3
21. Пена за коса, 500ml парче 3
Вкупно

Понудата потребно е да биде изготвена согласно горенаведената форма.

Проектот финансиран од ЕУ е ослободен од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Цената на чинење на стоките/услугите треба да биде изразена во вкупна сума без ДДВ за секоја ставка одделно. Затоа, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.

Нема Коментари

Испратете коментар