Отворен вториот повик за младински акции „Смисли, реализирај, промени“

05 Mar Отворен вториот повик за младински акции „Смисли, реализирај, промени“

Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ распишува втор отворен повик „Смисли, реализирај, промени“ за една младинска акција која ќе биде насочена кон решавање на одреден проблем во општина Шуто Оризари. Во потрага сме по идеја која ќе третира одреден општествен проблем или недостаток, со чие реализирање младите ќе придонесат за подобрување на животот во оваа населба. Групата чија идеја ќе биде избрана на располагање ќе има 61.000 денари за реализирање на истата.

Областа во која ќе се делува е отворена, односно на Вас е оставено да одберете проблем и тема на која ќе работите.  Изборот на темата на акцијата треба да го направите врз основа на потребите на жителите на општината и со акцијата треба да се реши одреден проблем или да се започне со негово решавање.

Целта на овој повик и избраната акција е да им се олесни животот на жителите на Шуто Оризари и да се поттикнат младите за преземање акција и вклучување во решавање на општествените проблеми.

Услови за аплицирање:

На повикот може да аплицираат групи составени од по пет члена на возраст од 18 до 30 години. Членовите треба да бидат од Шуто Оризари. Ц.С.И. „Надеж“ ќе избере една акција врз основа на наративниот дел и предложениот буџет за акцијата, кој треба да изнесува вкупно 61.000 денари. Избраната акција треба да се реализира во периодот од 10.04.2019 до 30.04.2019. Крајниот рок за поднесување на апликации е 29 март 2019.

За аплицирање треба да ги пополните двата формулари (наратива и предлог буџет) кои се наоѓаат подолу и истите да ги испратите на мејлот: admin@csinadez.mk најдоцна до 16 часот на 29 март 2019 година. За дополнителни прашања може да се обратите на истиот мејл.

Наратива за повикот

Буџет за повикот

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.